Наследство и иднина во едно: Патиката Б27 на Диор

Најновата силуета на обувки на Ким Џонс како да го венчава спортското насочено кон иднината со безвременскиот занает.

Лондонската модна недела нема да има ни сезона ни пол

Дури и пред пандемијата да ѝ се замеша во штипки на модата ширум светот, постоеја прашања околу целиот дизајн на модната недела. Новиот свет појавуваше прашалници околу поделбата на машки и женски колекции, а проблем се најдоа и во термините пролет/лето и есен/зима како што досега се организираа работите - дали се воопшто релевантни овие работи сега?

Тим Бартон ќе прави серија за Среда Адамс

Нема подобра вест ден пред Ноќта на вештерките, не-ма. Океј, можеби дека нашле лек/вакцина за оваа досада надвор, ама освен тоа - не.

Што значи да се омажиш и да родиш подоцна во животот?

Во најновата епизода на Јутјуб-серијата на Наоми Кембел - „Без филтер“, Камерон Дијаз со своите 48 години зборува за како станала сопруга и мајка во своите 40-ти и за влегувањето во еден поприватен живот.

Кога ќе изгубиш бебе - Есејот на Криси Тиген

„Немам зборови да изразам колку не ми е гајле што ги мразите тие фотографии. Колку не ми е гајле дека е нешто што вие никогаш не би го направиле. Јас го преживеав, избрав да го направам и овие слики не се за никој друг, освен за луѓето што го преживеале ова, или се љубопитни да видат како изгледа вакво нешто. Сликите се само за луѓе на кои им требаат. Размислувањата на останатите не ми се важни.“

За чудните, „manic pixie dream“ девојки

Ќе ви текне, обично на филм, и во книги ги има: чудни девојки што живеат во свој свет, имаат уникатни ставови и идиосинкратизми, возат старомодни точаци и те гледаат како удрени со мокра чорапа. И во живо сакаат да ги има, ама излегува дека сепак само на филм постојат со сите пропишани карактеристики.

Белешки за еклектичен дизајн

Да си признаеме дека имаме омилен тип на внатрешно уредување.

Полска против жените

Со најновите рестрикции поврзани со абортусот, полските власти уште повеќе ќе ја поткопаат женската автономија.

Како Лагерфелд го обнови Шанел

Во 1982, во Шанел, тогаш модна куќа - еквивалент на стара аристократка, влегува Лагерфелд кој во тоа време работи и за Клое и за Фенди. Иако Шанел е куќа на иновации, во тој период станува досадна и буржоаска, па Лагерфелд сфаќа дека ѝ треба лифтинг и создава пример за креативен директор што се следи до ден денес.

Што погоди, а што утна „Емили во Париз“?

Не, не се пуши во деловни простории уште од 2007. И никој нема да ти прати гаќи на работа како внимание. Ама дека ќе се лутат што едноставно претпоставуваш дека мораат да те разберат ако зборуваш англиски - да.

Само јас ли не сакам да личам на стакло?

Стаклото е безживотно. Невидливо. Ништо не е. Постои само за да се гледа низ него. Нема сопствена убавина. Рефлектира светлина и ја извртува вистината. А јас не сакам да личам на стакло.

Ако уредуваш стан, мора ли да купиш сѐ ново?

Во ред, знаеме дека сега има ганц ново за купување, а глуми старо и винтиџ. Неколку такви продавници спонзорираат постови на Инстаграм и те канат за неколку илјади денари од кај нив да си набавиш нешто што кога ќе ти дојдат гости нема да знаат дали е собрано од куќата на прабаба ти што ја продадовте, или чини колку гуми за Мерцедес.

Клеопатра и митот за расите

„Политички-освестениот“ гнев кон Гал Гадот е историски неписмен.

Како дигиталниот црвен тепих ја менува модата на славните

Бескрајната низа забави, премиери и доделувања на награди што доаѓаат заедно со црвениот тепих, едно време беше извор на лесна забава исто колку што беше и бизнис вреден милијарди долари. Годинава, глобалното ресетирање бараше промена во начинот на собирање, облекување и обрнување внимание на она што е важно.

Зошто Хари и Меган се враќаат во Лондон?

Минатата недела медиумите се вознемирија со сознанието дека Фрогмор Котиџ, домот на Меган и Хари во Англија „се подготвува за доаѓањето на војводата.“ Овa значи дека Хари се враќа дома прв пат откако последен пат званично се појави таму на 9-ти март.

Инфлуенсерите се новите бутици

Кога почнаа да се појавуваат на фотографии на тема „улична мода“ и да добиваат седишта во прв ред на Модна недела од 2010 па наваму, се зборуваше дека наскоро ќе ги заменат уредниците. Сега е 2020 и не се случи баш тоа - бутиците треба да му ја мислат.

Капутот од $10.000 на Ботега Венета

Хејли Бибер го прошетала.

Заради корона снемува гардероба „за по улици“

Не фрлајте тренерки, хеланки и друго по плакар што сакате да го викате „спортско-кежуал“, што го носите по кафиња, по шетања и кога сакате да бидете опуштени. Короната си ја вбројува оваа категорија во најновите жртви.

#MeToo: Па, не мораме баш на сите жртви да им веруваме

Четири години, #MeToo пропагира дека секоја една жена што ќе излезе во јавност со тврдење дека е на било каков начин сексуално малтретирана од маж, ја кажува вистината, во право е, ѝ се верува безрезервно и мора да е така. Освен кога се работи за Бајден. Тогаш, нешто се разговара.

Нека не нѐ мавтаат од ОН дека навиваат за жени

Обединетите нации многу сакаат суперхерои. Во 2016, Wonder Woman стана „почесен амбасадор за инспирирање жени и девојчиња.“ Оваа недела, шефот на ОН, Антонио Гутерес стана и витез во сјаен оклоп, откако беснееше против „цел милениум патријархат“.

Батали балет, што не пробаш некој курс за Вордпрес?

Британската влада пушти кампања Rethink, Reskill, Reboot, или слободно преведено, „Размисли одново, научи ново и почни од почеток“, што се вадат дека е за сите професии погодени од коронавирусот, а всушност, најбезобразно се однесува на - уметничките.

Барби прозборе за белата привилегија

Куклата Барби има Јутјуб канал со над 9.7 милиони следачи каде што се емитуваат цртани и кратки видеа наменети за деца. Но, на некој од таму му текнало дека за важни работи - се почнува од мали.

Живот во кола - по свој избор

Обично на филмови гледаме вакви работи, кај нас уште не се нашол некој што ќе интервјуира бездомници, ниту пак се толку многу, за да креираат диверзитет во своите редови, па меѓу нив да има и вакви.

Сега сме до „не може Гал Гадот да биде Клеопатра“

Луѓето се бесни затоа што Гал Гадот, која не е црнкиња, треба да ја глуми Клеопатра, која исто така не е црнкиња.