Вака од прилика течеа настаните:
Се најави дека Гал Гадот ќе ја игра Клеопатра.
Почнаа пискотници од Александрија до Холивуд како “не може тоа така”.
За филмот се бореа Парамаунт, Јуниверзал, Ворнер Брос, Епл и Нетфликс - победи Парамаунт.
Гадот во неделата објави дека ја добила главната улога, но бидејќи на интернет писменоста и информираноста се деликатни работи, борците за социјална правда набрзинка претпоставија дека „штом од Египет, Клеопатра мора да е црна“, па се наоружаа со редовниот репертоар на “дајте етнички коректна актерка, не бидете сељаци”, затоа што немало смисла Израелка да ја глуми Клеопатра. Се фрлија на барање и убави Арапки за да ги понудат на Парамаунт.
А Клеопатра, со оглед на потеклото е - бела. Според Википедија, има македонско-грчко потекло (да не почнуваме), и персиски и сиријски корени.
Но, фактите никогаш не спречиле руља.
А такво време е дојдено, да можеме само да се надеваме дека руљата нема да победи и дека ќе дојде ден кога глумците пак ќе можат да глумат нешто што не се, затоа што нели, тоа им е работа.
За потсетување, под ваков притисок од улога се откажа Скарлет Јохансон.