Од минатата недела, на каналот е ставено видео каде што Барби и нејзината пријателка Ники разговараат за нешто актуелно - движењето „Црните животи се важни“.
Како за деца, се објаснува колку се важни маршовите што се одржуваат низ светот за борба против расизмот, со истакнување дека се работи за тешки дискусии, што не значи дека не треба да се дискутира.
Пригодно, со нејзе има црна кукла, која од „прва рака“ може на децата да им објасни што значи „бела привилегија“. Преку примери што ќе им бидат блиски на децата што играат со барбики, раскажува како продавала стикери со Барби на плажа и како три пати ја застанало обезбедување, додека Барби, како бела, немала никаков проблем. А во друг пример, со кој се имаат соочено многу афроамериканчиња, раскажува како на курс по француски, наставничката ѝ рекла дека тестот ѝ е одличен, само затоа што имала среќа, а не затоа што е паметна.
На крај, за децата (а и за нас белците) објаснуваат дека белата привилегија не значи само повеќе опции и шанси, туку и свеста дека не мораш постојано да им се докажуваш на луѓето.
Како крунски заклучок, Барби изнесува дека „тоа не е фер, затоа што значи дека белците добиваат предност што не ја заработиле, а црнците се во втор план, а не заслужиле.
Во заклучокот на цртанот, црната кукла објаснува дека сѐ што може да се направи е да се „слуша“ и да се „дава поддршка“.
Што значи дека сега 9 милиони деца во светот се запознаени со еден од најголемите социјални проблеми на денешницата, а уште толку возрасни сѐ уште во капс лок пишуваат ВИRUSOT NE POSTOИ.
Затоа што се почнува од мали нозе.