Тим Бартон започнува нов хорор проект и некако совршена спојка е во прашање - Бартон со приказната за Семејството Адамс.
Овие два културни ентитети треба да се спојат во нешто што ќе биде прва лајв-екшн телевизиска серија, правејќи го уште еден од многуте проекти на оваа тема во последните 88 години.
Сѐ е базирано на стрипот од 1938, кој од тогаш е претворен во две серии, култните филмови од ’90-те и анимираниот филм од поново време, но ќе биде прв пат од ’60-те наваму да добиеме кратка форма со вистински луѓе за ова ненормално и шармантно семејство. Што е побитно, Бартон планира да ја раскажува приказната од перспективата на Среда Адамс и како модерниот свет изгледа преку нејзините очи.
Во моментов се наддаваат продуценти, но она што нас нѐ интересира е кого Тим Бартон ќе избере во екипа за својата верзија на семејството. Тешко ќе биде да се износи лик што така исклучително го одигра Анџелика Хјустон, а Кристина Ричи е толку длабоко врежана во главите на фанатиците за поп-култура, што избраната глумица ќе има сериозна задача пред себе.
Во моментов, сите се кладат на Нетфликс.