
Во Холивуд, промените што дојдоа со пандемијата имаа значителен удар на правењето и промовирањето на филмови, што значи дека традиции како Еми и Емтиви наградите мораа да станат виртуелни. Турнеите за печат се случуваа на интернет, а институции како Кан мораа да бидат откажани.
Природно, овие промени влијаеа и на индустријата што го опкружува дотерувањето за црвениот тепих - стилистите мораа да станат иноватори за да бидат во чекор со времето и променетите потреби на нивните клиенти. За една модна комбинација да функционира во 2020, мораше да одговара и за онлајн, да се вклопува и во политичките ставови на човекот, дури и да се поврзе со порака за горливи прашања.
Така, на Еми наградите, Реџина Кинг оддаде почит на Бриона Тејлор со носење маица од сопствениот плакар под розев Скиапарели комбинезон, неформалност што некои ја сметаат за моќна изјава против политичкото насилство.

Човекот зад еден од поупорните трач-сајтови за славни JustJared.com, Џаред Енг има уникатно разбирање за она што функционира онлајн. Петнаесет години исполнува желби на луѓе желни за трач од црвениот тепих и има пристап до податоци и метрики што му помага да донесе одлуки за она што холивудските клиенти треба да го носат. И кога го облекува Џои Кинг, на пример, знае однапред како тоа ќе се одигра на социјалните мрежи и како тоа да го претстави преку внимателно избрани објави.
Кога не ги облекува Џастин Бибер, Трејси Елис Рос и Сара Полсон, или кога прави пауза од двата брендови за гардероба и водење креативно студио, Карла Велч го користи своето влијание за да потсетува на политика и социјални реформи. Тоа значи дека некого може да облече во БЛМ маица, или дека ќе го прати на демократска национална конвенција во Проенца Шулер, но секако на крај значи дека е важно да се почне разговор за тоа како славните, инсајдерите и загрижените граѓани можат да ја искористат видливоста што ја овозможува интернетот за да осветлат одредени проблеми.
Секој стилист имаше сопствен начин на адаптација, но промените што ги имаат направено индивидуално се обраќаат на богатството на нови можности што ги обезбедува дигиталниот формат. Дрес-кодовите се протерани, а славните сакаат да даваат храбри, сарторијални изјави и пригодни политички истовремено. Со тек на време, ќе се врати и стариот начин, но моменталната волја да се искористи светскиот интерес за блескави настани за да се направи многу повеќе од протнување производи веројатно ќе остане.