Велика Британија се соочува со недостиг на спортска облека поради одложувања на производството во комбинација со зголемена побарувачка - нели, седиме дома и носиме удобно и ни треба уште.
„Имаше паника меѓу февруари и април бидејќи брендовите се повлекоа од производство,“ вели еден продавач за Гардијан. „Се дискутираше како никој никогаш веќе да нема да купи, а посетите на мојот сајт скокнаа за 200%. И сега немам залихи и бркам тоа што можам да набавам.“
Според една анализа објавена во Едитед (платформа за пазарни податоци), бројот на распродадена спортска гардероба минатиот месец пораснал за 17% повеќе од лани, а се очекува бројката да порасне уште повеќе, доколкуј повторно да се стават сите нации под клуч.
Според главниот претставник на АСОС, Ник Бејтон, проблемот нема да го снема во скоро време затоа што има празен простор во синџирот фабрика-продавница и не се очекува подобрување до пролет, 2021.
Затоа, крпете тоа тренерките, па ако треба, ќе почнеме и фармерки да носиме по дома.
Патем, на eBay има одлични тренерчиња, (да, This seller delivers to Macedonia) само уште да сме сигурни дека не се од картон.