Мажена е за рок-музичарот Бенџи Маден, ќерката Радокс ја добија во декември и вели дека ужива во животот и дека овој период ѝ е омилен, без разлика на сѐ што има постигнато во кариерата.
„Дури и со сите тие неверојатни искуства - патување, достигнувања после напорна работа, оставање нешта на кои сум горда… Знам дека ова е најблагодарниот момент во животот да се биде во оваа позиција… Кога си на моја возраст и кога тогаш ќе одлучиш да имаш дете е вистински избор, нешто за кое навистина треба да се потрудиш.
Мислам дека многу луѓе го прават обратното,“ вели Дијаз. „Прво тоа, создаваат семејство, стапуваат во брак, влегуваат во тие води додека се млади. Јас тоа го правам во втората половина во животот, што значи дека единствениот притисок што го чувствувам во моментов е да живеам до 107 години.“
Забележува и дека има придобивки од стапување во брак подоцна во животот.
„Со бракот е слично, затоа што кога сте млади, се претворате еден во друг, се стопувате, но кога ќе влезеш во брак на постари години, навистина си свесен што е потребно за да бидеш партнер со некого, затоа што толку долго време сте биле индивидуи.“
Нема снимено филм од 2014, но неодамна се спои со колешките од „Чарлиевите ангели“, Дру Баримор и Луси Лу. Имаше гласини дека се пензионирала; но реши да ги разјани со изјави дека можеби нема да се појави на камера наскоро, но секако не ја отфрла можноста да глуми во иднина.
„Шест или седум години немам снимено филм,“ признава, „и во ред ми е тоа. Нема дел од мене што ме тера да станам и да застанам пред камера… И тоа не значи дека еден ден нема и до тоа дојде, но во моментов ми е мирно… И никогаш не велам никогаш.“