Зошто Хари и Меган се враќаат во Лондон?

Минатата недела медиумите се вознемирија со сознанието дека Фрогмор Котиџ, домот на Меган и Хари во Англија „се подготвува за доаѓањето на војводата.“ Овa значи дека Хари се враќа дома прв пат откако последен пат званично се појави таму на 9-ти март.

Следуваа прашања: зошто се враќа, кога точно се враќа и дали доаѓа сам или со војвотката и бебето Арчи, бидејќи ако им фрлиш едно мало ковче на Британците околу член на кралското семејство, го глодаат како удрени додека не престане да постои.

Одговорите не се така загадочни: отсекогаш планираа да го поделат животот на Англија и Калифорнија, односно, како што изјавија: „Планираме да го балансираме времето меѓу Обединетото кралство и Северна Америка. Овој географски баланс ќе ни овозможи да го воспитуваме Арчи со внимавање на кралската традиција во која е роден, а истовремено да си дадеме и простор како семејство за следното поглавје.“ И веројатно во нормални услови, ќе се вратеа многу порано, но се сретнаа со оглед пандемија и препораки да се одложат незадолжителни патувања

Уште една причина за патувањето е судскиот случај што Меган го има против „Д Мејл“, и се враќаат порано за да можат да поминат време во карантин пред да почне.

Инаку, откако се иселија, најавија проект на Нетфликс и си купија куќа. Тоа не значи дека британските медиуми не ги чекаат со лупа голема колку Бакингемска палата да им го сецираат односот со семејството што го оставија зад себе, и најверојатно наскоро ќе дознаеме што сѐ им смислиле.

21 октомври 2020 - 12:14