Деновиве Британскиот моден совет реагираше на овие прашања и најави планови за модната недела во Лондон и нејзиното преминување кон родова неутралност во февруари 2021.
Како резултат на дискусии со дизајнери и продавачи за време на вториот бран на пандемијата, организаторот одлучи дека презентацијата на машките колекции ќе се случи во временската рамка традиционално резервирана за женските колекции.
„Кога ги лансиравме колекциите: машката во јуни 2012, која потоа стана London Fashion Week Men’s, реагиравме на потребите на индустријата и потребата да се има платформа за нашите брилијантни дизајнери на машка мода,“ вели Дилан Џонс, претседател на BFC Menswear. „Оттогаш многу се има сменето, и пандемијата нѐ натера одново да го измериме тековниот систем.“
Новиот формат е смислен да трае, со тоа што модните недели во јуни и септември ќе бидат отворени за сите полови и сите сезони, а одново ќе се разгледува тоа во 2022.
„Како што модната индустрија се движи кон поодржлива и поодговорна иднина во линија со новофомираниот Институт за позитивна мода, целта ни е да продолжиме да го редефинираме нашиот модел за модна недела,“ вели Керолајн Раш, директор на Британскиот моден совет. „Поместувањето на машката колекција во нов термин ќе продолжи да го иззема полот од модната недела и на дизајнерите ќе им дозволи поголема флексибилност за да ја прикажат колекцијата и да ги сведат на минимум трошоците за патување, што нѐ носи уште еден чекор поблиску до поодржлива иднина.“