Капутот од $10.000 на Ботега Венета

Хејли Бибер го прошетала.

Горкото прашање за тоа како од презивање Болдвин и припаѓање на таа холивудска династија, ти одлучуваш да го земеш презимето на маж ти (кој е Џастин Бибер) ќе го оставиме за некои помалку стресни времиња, а сега ќе се фокусираме на капутот што е на вишлист и табли за манифестација на пола модно освестен свет.

Во кежуал комбинација, со широки фармерки, патичиња и кафе за носење, Хејли Бибер ги осветли њујоршките улици со најновото „морате да носите вакво“ на Ботега Венета.

Капутот е со боја на путер, флафи и има кабасти реси, го носеше Ријана во септемврискиот број на Харперс Базар. Кога го претставија на писта, го комбинираа на два начини - со светлокафеави широки панталони и кошула со боја на камила - или, крем-боја фустан и бели чизми над колена.

А кога е гладен човек и нема храна на повидок, не треба да му се зборува за торти, колачи и паста, па така и ние тука ќе запреме со нафрлање можни комбинации што и онака нема да можеме да ги испробаме со оглед на тоа што препораките се да се чуваме од луѓе и шетање.

Но, дури и добра вест има. Кога ќе отидеш на сајтот, цената од 10.000 ја нема никаде (можеби е за посебни услови) и дава сума од нешто над 6000 евра. Ете, сега е поверојатно.

20 октомври 2020 - 14:52