Се вика Никита Крамп и живее во кола. Во гепек е складирано сѐ што ѝ треба, спалната ѝ е на задно седиште, коса мие во јавни тоалети, и сето ова самата има одлучено да ѝ биде вака. Медиумите го нарекуваат „номадски живот“, затоа што со самоизбраното бездомништво, успешно ги комбинира афинитетите за кампување и спиење во природа и на отворено.
До ова дошло во еден момент кога решила да го отстрани најголемиот трошок - киријата, и да се снаоѓа вака, како што ќе рече - минималистички.
И еве ќе се потрудиш да сфатиш. Во ред, така сака. Сѐ додека “уз муабет” не спомне дека за туширање оди кај другарка, што значи не можело баш сѐ од кола и веќе не е така романтично. А до тушот, може и ќе климавме со глава, од далеку.
Има речиси 50.000 следачи на Инстаграм и редовно го известува светот до каде е, а како што вие одлучувате дека ви треба поголем стан, барем со уште една спална и поголема дневна, Крамп си прави комбе за да се прошири.