За чудните, „manic pixie dream“ девојки

Ќе ви текне, обично на филм, и во книги ги има: чудни девојки што живеат во свој свет, имаат уникатни ставови и идиосинкратизми, возат старомодни точаци и те гледаат како удрени со мокра чорапа. И во живо сакаат да ги има, ама излегува дека сепак само на филм постојат со сите пропишани карактеристики.

Терминот „manic pixie girl“ прв пат се појавува во 2007, во една критика на „Елизабетаун“ со Кирстен Данст и Орландо Блум, каде за главниот женски лик новинарот ќе рече дека е

„ведро, плитко, филмско суштество, познато и како манична пикси-девојка, која постои исклучиво во бујната фантазија на сценаристот-режисер.“

…или можеби режисерот кој е истовремено и писател.

Постојано е расположена, живее како сака, прави што сака, ја има во „Појадок кај Тифани“, „500 дена лето“ и навидум е тоа супер приказна - нели, за девојка што е толку возбудлива, што вреди да има цело кинематографско или литературно дело за нејзе.

Проблемот е што филмовите за manic pixie dream girl никогаш не се за manic pixie dream girl.

Претпоставувате веќе?

Основата и „побитниот“ лик за ваквите приказни е секогаш - еден тажен дечко. Збунет дечко. Унереден дечко. Фиктивна верзија на авторот на приказната што верува дека треба да биде спасен од чудната девојка што ја става таму, како олицетворение на сите негови фантазии за да го изведе неговиот лик на прав пат:

27 октомври 2020 - 11:26