Наследство и иднина во едно: Патиката Б27 на Диор

Најновата силуета на обувки на Ким Џонс како да го венчава спортското насочено кон иднината со безвременскиот занает.

Сега патиките и високата мода се едно те исто и тоа веројатно ви е јасно. Јасно исцртаните граници што важеа до пред некое време и ги раздвојуваа овие два непријателски настроени света, сега се изгазени и нејасни - и тоа е позитивна работа.

Клучна фигура во овој дел од модната историја е Ким Џонс, чии колекции за машкиот Диор без напор го мешаат наследството и занаетот со современата естетика. Последниот доказ за она што се вика „Годините на Ким“ во Диор се новите патики Б27.

Има ниски и високи, и се истовремено израз на најупотребуваните материјали во куќата - обична и перфорирана кожа, плус ткаење. Други референци за гордиот код на Диор се гледаат во монограмот и самата црна боја, плус ќе има бели и сиви - сивата е позната како омилена на Кристијан Диор. 

Ако ви се потребни (можно е да не ви се?), продажбата почнува од денес.

Еве и видео, за да се полигавиме.

30 октомври 2020 - 00:00