Неделна доза ентериер:

Белешки за еклектичен дизајн

Да си признаеме дека имаме омилен тип на внатрешно уредување.

Има нешто возбудливо кај луѓе што можат да живеат во „среден“ хаос, полн со книги и чудни предмети извлечени од којзнае какви чаршави по улица и спикани тезги по антикварници. 

Овде имаме куќа што служи исклучиво за инспирација и некако потегнува размислување - што ако сите си ги уредуваме домовите за да ни бидат инспирација? Поттик за креативност, наместо обичен простор каде што се криеш од дожд. Наместо беж кујна - празно платно за креативност, наместо купатило - засолниште за грижа за себе, наместо спална - извор на приказни. Како премногу здраво за готово да го земаме уредувањето на личниот простор, а нуди толку многу опции за интроспекција и толку многу потенцијал да биде подлога за идни креативности.

Предлог на денот: нека ви биде куќата како тие што ве воодушевуваат кога ќе ги прочитате во книга.

А овде, може има многу прашина за бришење, ама инспирација не недостасува:

27 октомври 2020 - 10:53