Ја исклучив ли пеглата?

Дигнете два прста сите што опуштено сте си седеле на пијачка, сте се смешкале и сте муабетеле во друштво и одеднаш - убод во дијафрагма и игла во газ со наслов - „Ја исклучив ли пеглата?

Еван Рејчел Вуд го има обвинето и Коби Брајант

Во саботата, Ванеса Брајант ја нападна Еван Рејчел Вуд поради изјавата на актерката дека Коби „бил силувач“.

Зошто никој не го прашува Мозес Фароу за Вуди Ален?

Меѓу бројните деца што Миа Фароу за жал ги собирала низ годините како докази за нејзината сомнителна човечност, се вбројува и Мозес Фароу - посвоениот син чие сведоштво за настаните околу наводната злоупотреба на Дилан Фароу од страна на Вуди Ален никој не го есапи. Интересното е што сега, откако излезе документарецот на ХБО, повеќе од кога и да е се појавуваат гласови во медиумите што се вртат на страната на Ален - и има зошто. Еве го Мозес Фароу, на сопствениот блог, во детали за тоа како Вуди Ален ниту злоупотребувал една, ниту се оженил со друга ќерка.

Документарецот за Били Ајлиш докажува дека постои поп и без илузија

После „Framing Britney Spears“ се појави сродно трогателно дело, што покажува дека сѐ уште има надеж за жените во музиката.

Научно: Кој оргазам е подобар, машкиот или женскиот?

Иако главно човечкиот живот се должи на оргазми, науката дури сега се посветува на активно истражување.

Лажни историски факти што уште веруваме дека се вистинити

„Ако немаат леб, нека јадат колачи“ не е на Марија Антоанета, на пример.

И фармерките имаат тајни

Насловот на видеото ветува дека откривањето на тајните „ќе ви се смени животот“. Во однос на нервозите околу „зошто не ми стојат“ и „зошто нема фармерки за мене“ - да.

Мајката што ги учи своите ќерки дека невиноста не постои

„Наместо да гледаме ‘првиот пат’ да ни биде ‘посебен’, треба да се потрудиме секој пат да биде посебен, затоа што тоа е минимумот што го заслужуваме.“

Психолози, ако не ви текнува тема за магистерска

Комшиите се веројатно разнебитени од трачарење, ама па како да игнорираш: Кратката верзија е дека мајката бега со дечкото на ќерката едно пет минути откако ќерката се породила.

На мајка со профил на ОнлиФанс сакаат да ѝ ги избркаат децата од школо

Бидејќи, спротивно на вашето мислење, инквизицијата сѐ уште не е завршена.

Морган Фримен: Ако жена ти вика дека си лажго, значи лажго си

„Типот ми пријде и ми рече, знам дека сакаш да бидеш инкогнито, но те препознавам, Семјуел Л. Џексон. Му реков, не, не сум тој. Тој рече, лажеш, но те разбирам. Сем има иста ваква приказна. “

Времеплов со Синди Крафорд

Годината е ’92, местото е Париз а настанот е модната недела. Да се вратиме малку назад и да прошетаме низ некое друго време, кога ревиите не беа на Зум, а дизајнерите не беа принудени да смислуваат решенија како кукли.

Коса во разни бои не е нова идеја

Не зборуваме за фарбање во вообичаените бои, зборуваме за она што денешниве генерации го раширија како тренд: црвени, жолти, сини, и други чудни прамени и коси. Излегува дека не го рашириле, него само го вратиле и му направиле апдејт.

Што кажа Вуди Ален за документарецот на ХБО?

ХБО емитуваше документарен филм, на истиот принцип како за Мајкл Џексон, за Вуди Ален и случајот што неговата поранешна девојка Миа Фароу го отвори против него. Го обвини за сексуална злоупотреба на нивната заедничка посвоена ќерка Дилан Фароу, обвиненија што најмалку две независни институции и судови во две држави го отфрлија како неточни.

Ен Хатавеј била деветта на список за „Ѓаволот носи Прада“

Да, тешко може да се замисли филмот без неа, ама очигледно некој на почетокот го замислувал.

Незгодно е да се гледаат стари интервјуа со познати жени

Инспирирани од „Framing Britney Spears“, луѓе почнуваат да прегледуваат стари интервјуа и да се гадат од лошиот третман што го добиваа жените во едно друго време.

Гледајте „The Hookup Plan“ на Нетфликс

Ем забавно, ем сите навредени од „лажноста“ на „Емили во Париз“ конечно ќе можат да спијат мирно.

Доста пробувате да ја испланирате иднината

Искушението кога сме загрижени е да ја насочиме нашата одлучна интелигенција кон обид комплетно да се подготвиме за сѐ што може да нѐ чека понатаму. Да го осиромашиме непознатото од неговите изненадувања - барајќи начин да ја контролираме иднината.

По пандемијата следуваат нови „разбеснети ’20-ти“

Така вели Лореал, така се надеваме сите, затоа што многу, ама многу ни требаат нови „roaring ‘20s“

Непотизмот во Холивуд

Дали холивудските „кралски“ семејства имаат влијание на тоа кој и дали ќе биде следна ѕвезда во индустријата? Порано беа имиња како Копола, Баримор и Фонда, сега веќе се Смит (на Вил), Робертс (на Џулија), па и надвор од филмот и музиката - Џенер (на Брус + роднини Кардашијан).

Од слики во вистински соби

Собите претставени на славни сликарски дела не само што даваат поглед во животот и имагинацијата на уметникот кој ги создал - истовремено се и прозорец кон минатото.

Во тајниот плакар на Фрида Кало

Долго по нејзината смрт во 1954 година, името на Фрида Кало сѐ уште се спомнува - не само поради фасцинантната уметност, туку поради личниот стил кој е имун на времето и трендовите, а боите и визуелното богатство остануваат перпетуално во мода.

Уште двајца се залепија со супер-лепак

Додека вие ги следите политичките, културните и спортските вести од светот, ние овде ажурно се трудиме да го следиме глобалниот просечен коефициент на интелигенција што секој ден со сигурни чекори се движи во надолна линија, како што се појавува по уште една нова глуперда што се лепи себеси со супер-лепак самоиницијативно.