Времеплов со Синди Крафорд

Годината е ’92, местото е Париз а настанот е модната недела. Да се вратиме малку назад и да прошетаме низ некое друго време, кога ревиите не беа на Зум, а дизајнерите не беа принудени да смислуваат решенија како кукли.

Премиерата на ова беше на MTV’s House of Style, во ’89, со фокус на сѐ поголемата фасцинираност на Америка од супермоделите, нивните гламурозни животи во модната индустрија и повремено дискутирање теми како нарушувања во исхраната. Синди Крафорд, која во тоа време е веќе еден најголемите супермодели, го водеше и беше извршен продуцент на шоуто. Блогот Messy Nessy Chic го има ископано овој клип чисто за уживање - полн со претенциозни моменти, ’90-носталгија, неочекувани камео појави, опасни количини лак за коса и поглед во најлуксузната модна ера.

Останува да се прашуваме дали повторно ќе видиме модна недела на каква што сѐ уште сме навикнати и покрај пандемијата? Сакаме ли воопшто? Без драмата, возбудата и медиумската покриеност околу светите модни недели, можеби и ни треба шоу како MTV’s House of Style да го „одржува сонот“ и да известува за најновите трендови. После шесте години на Крафорд, MTV го намали бројот на епизодите, за на крај да сосема да го откаже во 2000. Кратко го вратија во 2009, со Бар Рафаели и Шанел Иман и уште еднаш во 2014 со Иги Азалеа.

И којзнае кога (и со кого) пак.

23 февруари 2021 - 13:57