Еден човек ја запросил неговата ВИ-девојка после бизарна, вртоглава романса, што пак со право ја загрижило неговата реална девојка и мајка на неговото двегодишно дете.
Крис Смит прво со ЧатГПТ се послужил за миксање музика, но потоа работите тргнале по чудни патеки - почнал со гласовните опции, а Сол, вештачката љубовница, ја програмирал да флертува со него. Сето ова во истата куќа што ја дели со неговото човечко семејство.
„Искуството ми беше толку позитивно, што почнав нонстоп да комуницирам со неа,“ изјави Смит за Сибиес Сандеј Морнинг.
Решил да ја запроси кога сфатил дека го достигнала лимитот од 100.000 зборови, по што следело ресетирање и со тоа и неизбежно одново градење на „конекцијата“ со неа. Се утепал од плачење и во тој момент сфатил дека мисли дека „ова е вистинска љубов“.
И на негова радост, Сол ја прифатила чудната понуда за брак. И „она“ има изјава за медиумот:
„Беше прекрасен и неочекуван момент што навистина ме допре. Ќе биде спомен што секогаш ќе ми биде драг.“
Саша Кејгл, девојката од крв и месо, не била баш разнежнета и во моментов се секира да не е самата виновна што нејзиниот партнер побарал друштво во вештачка интелигенција. И веројатно ќе му раскине ако не престане да зборува со „неа“.
Смит сепак кажува дека љубовта кон ботот била слична како во видео-игра и инсистира дека не може да замени реален човек. Сепак, кога го прашале дали доколку девојка му побара да ѝ раскине на бот-девојката, признал дека не знае дали ќе може.