И фармерките имаат тајни

Насловот на видеото ветува дека откривањето на тајните „ќе ви се смени животот“. Во однос на нервозите околу „зошто не ми стојат“ и „зошто нема фармерки за мене“ - да.

Еден аспект од тајната е дека телото ви е супер онакво какво што е. Другото се однесува на фактот што фармерките најчесто не се правени за совршено да ни легнат. Само треба да се бараат финти и да се мисли на преправки кога се пазарат фармерки. Или, да се вложи доволно време и памет за воопшто да нема потреба од преправки.

За да влезете во романтична љубов со ова парче гардероба, прво треба да си ја откриете формата на телото - можно е ова да го имате направено уште во тинејџерските денови, па од прилика ви е јасно. Има многу форми; многу колку што има и жени, ама со тешки маки, можеме да ги поделиме во 7 категории. Подолу во видеото се објаснети подетално и има насоки кој тип на тело најдобро изгледа во одреден модел.

На пример, 1, 3 и 4 изгледаат најдобро во фармерки со низок струк. Наспроти ова, 2, 5, 6 и 7 подобро изгледаат во фармерки со висок. Оваа насока е ако сакате да избегнете „спојлери“, кои наводно - не ни постојат, туку само значат дека фармерките се крој што не ви одговара.

Фино вака кога ќе ти кажат дека немаш ти спојлери, туку фармерките ти се за фрлање.

Или на пример, оние темни модели, со избледено во средина на ногата - можеби ќе ви стојат ако сте високи и тенки, но ако имате малку облини, ќе ве дуплираат. 

Плус, еве ви уште една тајна што упорно останува тајна: грди се.

Должина на патенти, задни џебови и газ, перење и сушење, пробувaње без пробување и други детали што живот значат:

25 февруари 2021 - 16:04