Па, добро, дали е можно?
Откако Тесика Браун си ја залепи косата со „Горила Глу“, лепакот во спреј што најсвесно и најсамоиницијативно го употреби наместо лак за коса (и до СНЛ стигна), сега имаме ново. Нејзе ја спаси (барем физички) пластичен хирург, но се појави Лен Мартин, рапер кој за да докаже дека сепак тоа со лепакот било „само шала“, си ги залепил усните и пробал да го излиже тоа.
Спојлер: Не било шала.
Стигнал до болница. Морале таму да пробаат да го отстранат, а подоцна дознал и дека ако не заздраве како што треба, ќе треба да му сечат дел. Од. Устата.
Можеби мислите дека тука завршува човечката глупост, но гадно се лажете.
Авани Рејс (Тиктокер по професија) исто така решително се фаќа за „Горила“ и не учејќи од грешките на луѓето со слична величина мозок, исто така успева да се залепи, па уште пробува и да се чешла.
„Дечки, косата не ми се чешла,“ емпириски ќе заклучи во едно од видеата.
@avanireyes ♬ original sound - Avani
Ќе се прашате, а што мајка бара да се лепи со Горила?
Не се знае сѐ уште. Рејс не ја ни доби емпатијата што ја доби Браун. Наводно има GoFundMe за да собере пари и да оди до Лос Анџелес, ама линкови не се достапни.
Ни февруари не е пројден, они си наоѓаат нови Тајд капсули.
Чудо.