Кој е крив ако своеволно си ставиш супер-лепак на глава?

Ти или компанијата за производство што пропуштила во упатството да напише „да не се користи наместо лак за коса“, бидејќи не сметале на тоа дека во светот постојат тешки морони?

Тесика Браун е тиктокерка што пробала да си направи фризура со лепакот „Горила“, кој меѓу другото, според упатството, служи за лепење хартија, дрво, картон и платно.

Завршила во Ургентен.

Седела во Ургентен 22 часа и не успеале да ѝ помогнат. Пробале да чистат со ацетон (ја изгорело), пробале со алкохол, пробала сама со алкохол и ништо.

Излез?

Ќе тужи.

Горила Глу јавно изразија жалење за нејзината „непогода“, во изјава каде што точно се гледа дека од петни жили се трудат да се воздржат од коментари, па ја третираат како да си прснала несакајќи во око, а не намерно, свесно и плански да си ја залепила косата со лепак во спреј:

Свесни сме за ситуацијата и многу ни е жал за несреќниот инцидент што го искусила г-ца Браун користејќи го нашиот лепак во спреј на коса. Ова е уникатна ситуација бидејќи овој производ не пишува дека се користи за коса бидејќи се смета за траен. На етикетата пишува: да не се голта. Да не дојде во контакт со очи, кожа или облека…“ 

Се користи за изработки, за дома, автомобил или канцелариски проекти, за спојување на нешта со површини како хартија, картон, дрво и платно. 

Драго ни е што добила медицинска помош и ѝ посакуваме сѐ најдобро.

Косата на Браун е сѐ уште камен, месец дена откако го има ставено спрејот. Од Горила пробуваат да предложат алкохол, ама тоа веројатно важи за ако ти се истури на маса, па да го отстраниш… На никој не му текнало дека ќе треба лек и за коса да смисли.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Tessica (@im_d_ollady)

Сега, заедно со адвокати, Браун проверува дали може да тужи затоа што -

На етикетата пишува да не се користи на очи, кожа или облека… Ама не се спомнува коса, па тоа наведува на погрешни заклучоци. Сметала дека multi-use, или „за повеќе намени“ значи дека е во ред да го користиш како лак.

Ете така.

Ако ви е до сеир (а се разбира дека ви е), еве, видеа. Во едното објаснува. Во другото има тугобајна музика со нејзиното глупо патешествие:

10 февруари 2021 - 13:47