Залудно е, но далеку е од лудост; многу може да се научи од исчекувањето и рационалното планирање. Но, откако ќе ги измериме сите можни прогнози и ќе го презмеме секој чекор што тие би можеле да го побараат, постои момент за соочување за една полудувачка, но сепак реално, и ако ѝ се пристапи од вистинскиот агол - ослободувачка мисла: никогаш не можеме да знаеме што ќе ни се случи и не треба ни да се обидуваме да дознаеме. Голем дел од нашиот живот лежи во непознатото, во текот на времето и ако сакате, во судбината. Нашите умови, колку и да се импресивни, не можат да ѕирнат во иднината и да ѝ ја соблечат секоја нејасност. Подложни сме на многу варијабли и нашите ментални телескопи не ни овозможуваат поглед толку далеку.
За да си помогнеме со вистинскиот тип на скептицизам, треба да се опремиме со став на доверба во лице на незнаењето.
Звучи смешно и тотално несериозно, но една од понеобичните љубови на Фридрих Ниче биле кравите, кои ги сметал за најфилозофски од сите животни. Во еден дел од „Така зборуваше Заратустра“, има напишано:
„Ако не се промениме (или да се конвертираме) и не станеме како кравите, нема да влеземе во царството небесно.“
Она што според Ниче ги прави нив мудри е нивниот напреден капацитет да не се грижат за сопствената иднина; знаат како да стојат мирно во поле, повремено ќе избркаат некоја решителна мува, џвакаат трева и секоја минута ја дочекуваат смирено. Со сите нивни ментални ограничувања, постигнале нешто за кое човечкиот ум ич не го бива: да се препушти на ограничувањата на неговото знаење и останатото да го остави по страна.
Постојано имаме потсетници за придобивките од интелектуалната работа. По пат ни треба и одново да ја откриеме повремената уметност на знаење како и кога да престанеш да размислуваш.