Во тајниот плакар на Фрида Кало

Долго по нејзината смрт во 1954 година, името на Фрида Кало сѐ уште се спомнува - не само поради фасцинантната уметност, туку поради личниот стил кој е имун на времето и трендовите, а боите и визуелното богатство остануваат перпетуално во мода.

Кало ја користела модата за да ѝ даде емотивна сила да ги надмине нејзините физички предизвици. Кога имала само 18 години, ѝ се случила речиси фатална несреќа со автобус од која се опоравувала две години и потоа цел живот трпела болки. И покрај оваа потешкотија, трансформирала медицински предмети во носиви уметнички дела. Еден од нив е оклоп од гипс за цело тело што го носела по несреќата - сликала на него и го претворила во движечка скулптура.

Слична магија има направено и со вештачка нога - кога ѝ ја ампутирале ногата во 1953, го претворила во спектакуларен објект, со црвена чизма со врвки и ѕвончиња.

По нејзината смрт, сопругот Диего Ривера ги запечатил нејзините предмети во бањата во нивниот дом во Мексико. Ужален, рекол дека ќе ги чува скриени уште 15 години, но починал во 1957 и предметите останале до 2004, кога од музејот Фрида Кало решиле да ги каталогизираат.

Јапонската фотографка Ишуичи Мијако ја имал честа да го фотографира плакарот на Фрида Кало, со 35 милиметарска камера и природно светло и сега има овековечено над 300 претходно невидени предмети. Има и книга, „Фрида од Ишиучи“, достапна на Амазон.

Неверојатно колку сѐ ова проаѓа денес, без никаков проблем.

 

17 февруари 2021 - 12:06