Коса во разни бои не е нова идеја

Не зборуваме за фарбање во вообичаените бои, зборуваме за она што денешниве генерации го раширија како тренд: црвени, жолти, сини, и други чудни прамени и коси. Излегува дека не го рашириле, него само го вратиле и му направиле апдејт.

Доказ за ова е неверојатната антологиска колекција на Pathé - имаат реклама за праменчиња во разни бои, што една госпоѓа можела со лепак (не Горила!) да си ги прикачи на фризурата во зависност од расположението или облеката.

Освен тоа, во нај „Ген З“ манир, има видео и за „коса во два тонови“, нешто што со години се отекува како тренд. И не, бојата повторно не е „чоколадна со строубери блонд“, туку најрозева што може, како да е идеја собрана од денешен Инстаграм.

Прамените се викаат hair flashes:

А ова (патем, крајно точно) е „фризура од иднината“:

23 февруари 2021 - 13:37