Официјалната изјава на Вуди Ален и Сун Ји:
„Овие документаристи немале никаков интерес за вистината. Наместо тоа, поминале години во тајна соработка со семејството Фароу и нивните помагачи за да склопат ужасно дело преплавено со лажни информации. На Вуди и Сун Ји им се обратиле пред помалку од два месеци и им дале само неколку дена за да одговорат. Се разбира, одбиja.
Како што е познато со децении, овие наводи се категорично лажни. Повеќе институции ги истражуваа во тоа време и открија дека, што и да била наведена Дилан Фароу да верува, апсолутно никаква злоупотреба не се случила. Жално и неизненадувачки е што мрежата што го емитува ова е ХБО - кои имаат продуцентски договор и бизнис однос со Ронан Фароу. Иако ова „хит дело“ може да привлече внимание, не ги менува фактите.“
Патем, сега откако постои автобиографијата на Вуди Ален, може да се истражи и неговата страна.