На мајка со профил на ОнлиФанс сакаат да ѝ ги избркаат децата од школо

Бидејќи, спротивно на вашето мислење, инквизицијата сѐ уште не е завршена.

Некои родители толку се вознемириле за активностите на ОнлиФанс на една жена, што бесот го истураат на нејзините деца и одат до таму да се обидуваат да ги истераат од школо.

Тифани Поиндекстер има профил што го одржува со помош на нејзиниот сопруг Крис, кој всушност и ги прави сите фотографии и видеа од нејзе како работи секојдневни работи по дома во секси облека.

Таа вели дека прво почнала да споделува слики на Редит за да се почувствува посамоуверено и да си го „зачини“ бракот (со поддршка од сопругот), а сега бизнисот на ОнлиФанс им носи 150.000 долари месечно.

„Едноставно влеговме во тоа, немав поим колку може да стане успешно. Почнавме во септември 2019 и никој не знаеше. Ни пријатели, ни роднини, никој. Ни беше наша секси тајна и ни беше многу возбудливо и забавно.“

Но, со сѐ поголемото внимание дошла и видливоста, па профилот (сигурно од наивни причини!) го откриле родители на соучениците на децата на Поиндекстер.

И покрај тоа што се ограничени начините на кои можеш „да налеташ“ на ОнлиФанс профил, Тифани вели дека откритието не им се допаднало на некои, па група мајки одлучиле дека ќе бидат гуски по тоа прашање.

„Некои жени од моето соседство испечатија некои од сликите што ги имав објавено и ги испратија на директорот на школото каде што учат моите деца. Ни смислија секакви имиња; наводно било ‘вознемирувачко, одвратно, застрашувачко’, а децата требало ‘да бидат избркани’.“

Директорот одбил да преземе нешто, но тоа жените не ги спречило. Тифани кажува и дека контактирале други во заедницата, вклучувајќи го и локалниот свештеник и бискуп, па почнале групи за малтретирање и озборување на целото семејство. 

Колку и да е фрустрирачко негативното внимание, Тифани вели дека не ги одвратило нејзе и сопругот од лукративниот бизнис.

„Има луѓе што едноставно не нѐ оставаат на мир, но на 99% од луѓето што ќе откријат не им е многу гајле,“ вели Крис. „Претпоставувам дека повеќето сопрузи го погледнале профилот на Тифани… Можеби затоа жениве толку нѐ мразат.“

24 февруари 2021 - 00:00