Алиша имала 15 години кога влегла во улогата на тинејџерката вљубена во многу постар дечко. За време на снимањето се еманципирала од родителите (постапка во која се третира како возрасна) и можела да ги заобиколи законите за деца на пазарот на трудот, што инаку би ѝ ги ограничувале работните часови.
Од ова, поголеми контроверзи прави фактот што сценаристот и режисер Алан Шапиро го базирал филмот на инцидент од сопствениот живот. Дури и ликот на Силверстоун го нарекол Дариен, но се појавила вистинската Дариен да тужи, па ликот наскоро станал Адриен.
Ако ви се навраќа на ‘90-ти, ете предлог за враќање. На трејлерот останало името Дариен: