Неделна доза ентериер:

Од слики во вистински соби

Собите претставени на славни сликарски дела не само што даваат поглед во животот и имагинацијата на уметникот кој ги создал - истовремено се и прозорец кон минатото.

„Спална соба“, Ван Гог

Од скромниот ентериер на Ван Гог од „Спална соба“ од 1888, до шарениот поп-арт ентериер на Рој Лихтенштајн од 1991, секое уметничко дело на гледачот му дава идеја како се движеле трендовите за внатрешно уредување во тоа време.

„Interior with restful paintings“, Рој Лихтенштајн:

Британската креативна агенција НеоМам за еден клиент ги замислува овие дела како вистински соби.

„Слики од историски ентериери се фасцинантни хибридни слики - на средина меѓу дело на голема уметничка имагинација и документирање на минатото,“ објаснуваат од НеоМам. „Ова нѐ натера да размислуваме како изгледале овие домашни сцени реално?“

Шесте соби ги носат од некој период во последните 200 години, во денешно време со CG технологија. За да ги креира реалистичните резултати, екипата соработува со истражувачот Чарли Аштон.

„The sun shine at the corner“, Грант Вуд:

Така, на пример, сјајната трпезарија на Кандински е малку стишана во однос на боите, но полна со текстурите и формите кои и на оригиналната слика ѝ го даваат шармот.

„Interior (My dining room)“, Васили Кандински

„Interior“, Константин Коровин

извор

17 февруари 2021 - 12:46