Дигнете два прста сите што опуштено сте си седеле на пијачка, сте се смешкале и сте муабетеле во друштво и одеднаш - убод во дијафрагма и игла во газ со наслов - „Ја исклучив ли пеглата?
Едно од најупорните, вечни прашања што нѐ замараат кога ќе излеземе од дома. Ние мислевме дека е доволно да го исклучиш кабелот и да го погледаш неколку секунди, за да запамтиш. Некој и тоа пробал и џабе.