Дру Баримор нема да прави пластични операции

„Ќе старееме. И тоа е во ред.“

Има славни личности што не сакаат многу да го дискутираат начинот на кој се справуваат со времето и тенденцијата на кожата да му се покори, но Дру Баримор не е меѓу нив. Во една од последните епизоди на нејзиното ток-шоу, кое го носи нејзиното име, во разговор со Рос Метјус се отвори на тема козметички операции и зошто не.

„Никогаш не сум направила нешто на лицето и би сакала да се обидам да продолжам така. Она што ми е навистина важно и што мислам дека е сѐ уште релевантно во мојот живот ми е лицето. Се познавам себеси. Многу лесно создавам зависност. И ако ставам една инекција, до петок веќе ќе личам на Џослин Вилденстајн.“

Џослин Вилденстајн, патем:

Објасни и дека го избегнувала притисокот на шоу-бизнисот за одење под нож, меѓу другото и во знак на бунт. Не им суди на другите, туку посакува да си дозволат да стареат природно и да се опуштат малку.

„Ќе старееме, ќе одиме надолу и тоа е во ред. Дел од животот е.“

Интервјуто е супер, инаку, и муабетот за тоа колку треба да бидат скапи производите за нега на кожа држи вода:

22 февруари 2021 - 11:40