Мислења

Политички онлајн војни

Редица владини агенции и политички партии ширум светот ги користат социјалните медиуми како платформи за ширење на штетни вести (junk news) и дезинформации, спроведување на цензура и контрола, како и за плански активности за поткопување на довербата во медиумите, јавните институции и науката.

Единствените Македонци на кои не им треба сложено име се оние од Република Македонија

Де факто, сите други Македонци во другите држави веќе имаат сложени имиња. Само на Македонците од Република Македонија, „македонското“ им е примарно обележје на нивниот идентитет, пишува грчки автор кој отворено признава дека во овој спор, Грција била агресорот. „Беа принудени да тргуваат со единственото име кое им го оставила историјата“, пишува Августин Зенакос. За неупатените, Зенакос мисли на „Тоа на М“.

Кина вс. Европа, Ф1 против Фиќо

Ангела Меркел е канцеларка на Германија скоро 13 години, и патува во Кина речиси еднаш годишно. Таа беше на зелени пазари и во стари храмови, зборуваше со градоначалници и дебатираше со партиски функционери. Таа ги виде германските фабрики и ги прегледуваше кинеските компании. Ѝ држеа часови по готвење и ѝ презентираа автономни автомобили. Ниту една друга држава го нема толку побудено интересот на Меркел како Кина.

Чуму ни е НАТО?

Трамп ни приближно не е првиот Републиканец кој јавно ја преиспитувал потребата од постоење на НАТО, пишува Питер Беинарт во анализа за Атлантик, потсетувајќи дека членството во НАТО, за жал, нема клучна врска со демократијата во таа земја. Во име на некој нов грант за борба против 'сè помоќниот непријател', ги чекаме Борјан и Орданоски да го прогласат и Атлантик за руска пропаганда.

Ок, голем е Господ, ама не дека дреме на Светско

„Знаев дека Господ беше со нас!“ е изјавата на аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси, која натера еден италијански читател да го запраша уредникот на весникот што тоа го објавил, како е можно на Господ да му се припишат фудбалски симпатии.

Кога името не е важно

Драги Македонци, да си во Европа, во голем дел е исто како да си вон Европа. Сè зависи од тоа што сакате и што сте подготвени да истрпите. Колку ќе им барате и како ќе ги избирате оние кои треба да ве водат. Прашање на стандарди, како и сè во животот.

Каде е Европа?

Откако Трамп и Ким Јонг Ун во Сингапур го прават незамисливото и се сретнуваат и ракуваат, во Канада се среќаваат Г7, а Кина, Русија, Иран, Индија и Пакистан се среќаваат во Кингдао, градот на истокот од Кина, во колумна во француски Лес Еко се порачува: „Како центарот на светот да се префрлил од Западот на Истокот, и како Европа да не е ништо повеќе отколку периферен полуостров на Азија, меѓу Медитеранот и Атлантикот.“

Доналд Трамп беше во право, а не останатите лидери на Г7

Човекот речиси сè прави погрешно. Ама минатиот викенд направи нешто како што треба, на ужасување на лидерите на богатиот свет, тој ја одбрани демократијата од нејзините злонамерници. Можеби предвидливо, тој беше универзално осуден за тоа, пишува Џорџ Монбио во својата колумна за Гардијан.

За Џордан Питерсон и за тоа како Твитер бандите ги бираат своите мети

Дека Џордан Питерсон е опасен, радикален десничар и дека неговите противници се чувари на сè што е добро и правично - не може да биде подалеку од вистината.

Противотров за баграта е пристојност

Озлобениот и гнасен јазик кој дивее по Твитер и другите социјални мрежи некогаш мамат со мајагери да се влезе во тој гној и баграта да се раздига на клоци. Во Америка симбол на таквиот јазик на баграта е Доналд Трамп кому многумина противници пробуваат да му вратат со иста мерка. Не така, препорачува уредник на Атлантик и човек од првиот круг на Буш помладиот. Обратно. 

Ирец од Грција: Без разлика дали се во ЕУ, од двете страни на границата ќе живеат Македонци

„Грција мора да го признае постоењето на македонскиот јазик и култура, наследство кое е делумно е споделувано со класичната Грција а делумно е самостоен историски ентитет“, пишува во Катимерини Ирец кој подолго време живее во Грција. За весникот ова е вторпат во една недела да дозволи буричкање во теми кои се табу во таа земја.

Премногу е лесно Истокот да е виновник за сите проблеми на Европа

Во Европа (ЕУ) има растечка перцепција дека една конкретна категорија на општества или граѓани заслужува да биде етикетирана со презир или арогантно сожалување. Таа категорија е географски дефинирана: се наоѓа на исток. Во Брисел, Париз, Берлин и насекаде низ западниот дел од континентот, стана речиси нормално да се каже дека „Источњаците“ се оние што го расипаа ЕУ клубот. Дали е тоа фер?

Левицата го мрази Питерсон затоа што игра на нивен терен

Да беше конзервативен или теолошки мислител, Џордан Питерсон најверојатно немаше да дигне никаква галама. Но, бесот и омразата која тој ја предизвикува кај левичарите се должи на што игра токму на нивен терен, онаму каде што мислеа дека културолошкиот монопол им е загарантиран.

Грција не може да се помири со постоење македонски народ

Ќе беше убаво некој ова да им го каже на Грците во 1991 година ама и за денешни услови ова е невообичаен текст за Катимерини, текст кој експлицитно удира во сржта на проблемот: дека Грција не може да си признае дека на територијата на Македонија веќе имало создадена нација (која не била бугарска, за разлика од нивниот стандарден наратив), многу пред да тргнат да ја "ослободуваат" земјата на Александар.

На Трамп му проаѓа корупција, само затоа што Клинтонови ја нормализираа

Пред да ги минат изминатите 18 месеци трубејќи дека финансискиот конфликт на интереси на американскиот претседател не е нормален за една демократија, Демократите со години ги уверуваа истите луѓе дека е нормално политичари да имаат финансиски конфликт на интереси.

Либерали, не сте толку паметни колку што мислите

Знам многу либерали, и двајца од нив стварно ми се најдобри другари. Либералите прават добри филмови и телевизиски шоуа. Нивниот идеализам е инспирација за мене и за многу останати. Многу либерали се многу паметни. Ама тие не се така паметни, или убедливи, како што мислат, пишува во колумната за Њујорк тајмс професорот по политички науки на Универзитетот Вирџинија, Џерард Александер.

Веќе не знам како се бадијалџи на интернет

Форумите се испразнија, блоговите се испозатворија, а гласникот на нивната смрт, Твитер, се претвори во непотребна тортура на гневност, само-промоција и бескрајни муабети за самиот Твитер. А Фејсбук, пак, се претвори во.... знаете, сте биле на Фејсбук.

Писмо до ќерка ми за црната магија на банкарството

Како што ќе растеш и минуваш повеќе подеми и падови на економијата, ќе забележиш една несфатлива хипокризија: кога времињата се добри, банкарите, бизнисмените - општо богатите луѓе - обично се против власта. Ја критикуваат како „кочничар на развојот“, и „паразит“ кој се храни од приватниот сектор преку даноци, и „непријател на слободата и бизнисот“.

Мрачната страна на блокирањето реклами

Блокирањето банери на интернет е тема на остра дебата уште од кога се појавува екстензијата Адблок во 2002. Во тоа време, таа е само мал страничен проект. Од тогаш, користењето на ад-блокери експлодира, и во декември 2016, 615 милиони уреди на интернет имаат блокирано реклами.

Време е за нормализирање на Маркс

На 5-ти мај пред 200 години роден е Карл Маркс, најмудриот и највлијателен критичар на капитализмот во историјата на човештвото - исто така и еден од најпогрешно разбраните. Беше генијалец, ама на крај само уште еден човек интелектуалец со брилијантна но нецелосна перспектива.

Дали Си-ен-ен и Ен-би-си протекувањето информации го плаќаат со вработување?

Годинешната награда на Асоцијацијата на дописници од Белата куќа ја доби тимот на Си-ен-ен за веста дека 4 директори на разузнавачки агенции од времето на Обама го известиле Доналд Трамп дека Русија има компромитирачки материјали за актуелниот американски претседател. Не само што ја имаше веста, Си-ен-ен го имаше и го објави документот (Стил досието) на кое се базираше информацијата на разузнавачите. Она што пропушти да објави е да каже како го доби.

Капитализмот постојано е во војна

Западните водачи не сакаат луѓето да видат дека вистинската цел на војната не е да го запре тероризмот, туку да ги контролира ресурсите во овој регион. Всушност потребен им е тероризмот, затоа што тој им го дава потребниот изговор.

Кому уште му треба ваков Совет на Европа?

Азербејџан на големо поткупувал пратеници на парламентарното собрание на Советот на Европа. Ако им е подраго да примаат илегални пари и подароци отколку да се борат против корупцијата, тогаш Советот на Европа веќе никому не му е потребен.

Длабоката држава, и дали се оправдани сите протекувања против Трамп?

Америка нема пучеви или тенкови на улица. Меѓутоа постои еден вид длабока држава, и таа опфаќа бирократи од националната безбедност кои ги користат тајно собраните информации за оформување и спречување на активностите на избраните функционери, пишува професорот по право од Харвард, Џек Голдсмит, во текстот за Гардијан.