Се уште не можеме да кажеме дека сме во рецесија, барем не формално. Тие работи ги решава комитет - не баш. Владата генерално го прифаќа ставот дека намалувањето на активноста не е рецесија освен ако економската активност не е во пад во текот на два квартала. Меѓутоа ние сме во рецесија и секој го знае тоа. Она што го доживуваме е многу повеќе од тоа: црн лебед, финансиска војна, чума. Можеби работите изгледаат нормално таму кај што си. Можеби работите не изгледаат нормално. Работите не се нормални. Со недели и месеци нема да знаеме колку е забавено БДП-то и колку луѓе се избркани од работа. На официјалните државни статистики им треба време да се генерираат. Тие сега гледаат наназад, последните бројки и понатаму покажуваат силна економија со речиси целосна вработеност. Да се квантификува сегашната реалност, ние мора да се потпреме на анегдоти од бизнисот, анкети на вработени, парчиња приватни податоци и малку државни бројки. Тие не покажуваат економија која е во пад, во намалување, која има загуби или продава или коригира. Тие покажуваат испарување, исчезнување што изгледа како да е на религиозна скала.
Тоа што се случува е шок за американската економија кој е поизненаден и посуров отколку што било што некој жив до сега има искусено. Стапката на невработеност го имаше својот врв од 9,9 проценти дури 23 месеци по големата рецесија. Само неколку недели по почетокот на домашната коронавирус пандемија, и само неколку недели по наметнување на итни мерки за нејзино спречување, речиси 20% од работниците пријавиле дека изгубиле работни часови или ја изгубиле работата. Една компанија за обработка на платни списоци објави дека работниците ангажирани на час изгубиле 22% од работните часови, а 30% од луѓето кои обично би се појавиле на работа од минатиот четврток повеќе не одат. Во недостиг на силен владин одговор, стапката на невработеност како да ќе стигне до височини кои не се видени уште од Големата депресија или од мизерните доцни 1800-ти.
Статистиките за невработени на сојузните држави растат геометриски, што е сигнал за тоа како бројките ќе бидат променети кога ќе бидат објавени. На 9-ти март, Колорадо има 400 луѓе што се пријавиле за подигнување на осигурување од невработеност, на 19-ти веќе се 6.800. Во Калифорнија дневниот број на пријави на невработени скокаат од 2.000 на 80.000. Во Орегон скока од 800 на 18.000. Во Конектикат, 2% од работната сила на сојузната држава за еден ден објавиле дека останале без работа. Голем број други сојузни држави објавуваат исти бројки.
Овие бројки се предмет на остри измени; затворање на големи фабрики доведува до скок и пад и скок и пад. Но тие да пораснат толку нагло, низ сите сојузни држави? И да останат толку високи? Тоа е новост. Економијата не влегува во криза со невработеност. Таа експлодира во криза со невработеност. Имајќи ја предвид траекторијата од извештаите на сојузните држави, сигурно е дека земјава неделава ќе забележи рекорд за нови невработени, не само во сирови бројки туку исто така и во уделот на работници што се отпуштени. Вкупниот број се очекува да биде некаде меѓу 1,5 и 2,5 милиони, и од таму да продолжи да расте.
Ништо од тоа не изненадува. Економијата треба да застане за да се заштитат човечките животи и да се спаси медицинскиот систем. Авионите се приземјени, конференции се откажани, на милиони Американци им е речено да не ги напуштаат своите домови освен за да купат храна и други неопходни работи. Заради итните мерки кои се на сила, бизнисите немаат друг избор освен да ги отпуштат работниците. Списокот на работодавци кои масовно отпуштаат работници вклучуваат агенции за крстосување, авиокомпании, хотели, ресторани, барови, тишлери, шивачки, весници, библиотеки, старечки домови и фестивали. Бројките само растат во новинските извештаи, и се откажав од броење кога стигнав до 100.000.
Економијата се влечеше во својата експанзија, растејќи по 2 или 3 проценти годишно. Сега приватните проценители очекуваат дека таа ќе се намали за 15%, иако никој точно не знае. Невозможно е да се направи модел на карантинот заради вирусот, бидејќи правењето каков било модел претпоставува дека со одредено ниво на точност ќе знаеш колку време ќе траат неопходните вонредни мерки и колку добро владата ќе реагира. Сепак, податоците што сега се добиваат од реално време, покажуваат апокалипса на потрошувачката економија. Една компанија за процесирање кредитни картички објави дека периодов во Сиетл исплатите за фирми се намалени за 30%, во Портланд за 26, а во Сан Франциско за 12. Речиси секоја сојузна држава има драматичен пад, а посебно тешко погодени се хотелите и рестораните.
Ни на берзата не е нормално. Таа изгуби 20% од вредноста во рок од само 21 ден - најбрз и најостар пад до сега, побрз отколку 1929, побрз отколку 1987, и 10 пати побрзо отколку во 2007. Финансискиот систем во изминатата недела доби 7 итни интервенции од Федералните резерви. Централната банка на државата ги симна каматите на 0, почна купување на 500 милијарди долари финансиски средства, и започна со специјални алатки за инјектирање на ликвидност во финансискиот систем.
Сепак во реалната економија сè е запрено, замрзнато во место. Ова не е рецесија. Ова е ледено доба.