Мислења

Крајот е блиску

Oва е Џек ес цивилизација, време на имбецили. Светската револуција ќе ја водат оние пророци - ќе се сетите на тие пациенти - кои во нашиот век стоеја на дрвени гајби за банани, со транспарент “Подгответе се, крајот е блиску!'

Најголемото предавство на Трамп е кон популизмот

Трамп се покажа како кукавица а неговите приврзаници, ако навистина им е до каузата, би требалко да гласаат за Сандерс, оценува словенечкиот филозоф. „Да се надеваме дека она што се случи на шести јануари во Вашингтон ќе стави крај барем на бесрамното испраќање американски набљудувачи на избори во други земји за да ја оценуваат нивната правичност“, порачува Славој Жижек. 

Го сакале или не, цензурата на Трамп е застрашувачки преседан

Некогаш љубителите на теории на заговор од QAnon, во секој збор на Трамп бараа скриени пораки, сега Твитер толкувањето го претвори во своја официјална политика, наоѓајќи значења кои просто, ги нема. Рускиот опозиционер Навални предупреди дека одлуката на Твитер да го забрани американскиот претседател, во иднина ќе биде искористена од секој автократ во светов кој ќе сака да замолчи некого.

Не преувеличувајте ја заканата од „падобранците“ во Капитол

„Тоа беше грда анти-демократска толпа. Но мене повеќе ме загрижува анти-демократската елита“, пишува Брендан О'Нил, уредникот на Спајкд.

Пресудата за Асанж: правилен исход, по погрешна основа

Одбивањето да се екстрадира Асанж во САД по основа на загриженост за менталното здравје е хумана одлука, но таа не ги заштитува идните свиркачи.

Убивањето на Џулијан Асанж

Одлуката за екстрадиција на Асанж во САД е првата работа што судот во Лондон ќе ја направи во 2021, и доколку екстрадицијата се оствари процената е дека тоа би било еднакво на потпишување смртна казна за основачот на Викиликс.

САД имаат сериозен проблем со авторитарноста и тоа нема врска со Трамп

Додека милиони Американци се претворени во вазали кои мораат да работат на две или повеќе работни места, за ниски надоместоци и дневници, без здравствени и пензиски бенефиции, со малку работнички права и уште помалку опции во животот, на другата страна се случува такво спојување на државната и корпоративната моќ какво што претходно беше видено само во фашизмот.

Јана Цонева: Никогаш не заборавајте што направија фашистите

Во Бугарија, кампањите за изедначување на комунизмот и нацизмот не се за одбрана на демократијата против „руското мешање.“ Тие се за рехабилитација на бугарскиот фашизам и неговата соучесништво во холокаустот.

Неколку факти за Југославија и нејзините Македонци

Бурлескната изјава на Зоран Заев за тоа како Југославија „ги раздвоила и ги држела далеку Бугарите и Македонците“ е типична за пост-југословенски политичари кои најчесто ги одликува губење на државничко и дипломатско самопочитување но и неумесно промовирање на историски ревизионизам.

Мултикултурализмот е мазохистички национализам

Најголемите поборници на мултикултурализмот ја мразат својата нација со ист жар како што старомодните националисти ја слават.

Олабавете ги малку дебелите деца

„Војната против детската обезност“ до сега успеа само да создаде срам кај дебелите деца.

А ако Турците, Грците, Русите и Романците сакаат да ги смениме нашите учебници?

Турците сакаат да ја признаеме туркиската историја на Бугарија, Иранците не се откажуваат од нашето персиско потекло, Грците удираат од зад грб, а Русите допловија до пристаништетот во Варна. И тоа не е сè.

Белорусија, земјата заборавена од ковид

До сега и вечниот претседател на земјата и неговите противници упорно одбиваат да паничат околу пандемијата.

Во одбрана на Страна 3

Кампањата против Страна 3 направи многу повеќе за поткопување на женските слободи отколку кои било топлес слики.

Гнилоста на американската политика направи Трамп да изгледа свежо

За милиони американски гласачи претседателот на заминување изгледаше како човек волен да ги прекрши правилата за да се бори против расипаниот систем.

Фанатиците немаат право да цензурираат критичари, ама нема ни Макрон

Начинот на кој францускиот претседател одговори на Исламот е исполнет со хипокризија и нелиберализам, пишува Кенан Малик во критиката за Гардијан.

Каде се протестите?

Може ли сега да ги симнеме шперплочите од излозите? Бидејќи Бајден е на пат кон Белата куќа, може ли сега повторно да ставиме роба во излозите на нашите продавници, уверени дека 'главно мирољубивите' демонстранти нема да палат или пљачкосуваат, се прашува во едиторијалот на Вол стрит журнал.

Цензурираниот текст за Бајден заради кој Глен Гринвaлд даде отказ во Интерсепт

Глен Гринвaлд е новинарот кој во 2013 за Гардијан објавува дел од тајните документи што ги добива лично од Едвард Сноуден. Тој подоцна си заминува од Гардијан и го ко-основа левичарскиот Интерсепт. Гринвaлд објави дека поднел отказ во Интерсепт откако тамошното уредништво одбило да му објави текст кој бил негативен за Бајден.

Во неделата на изборите социјалните мрежи треба сами да се исклучат

ЦЕО-та треба доброволно да ги исклучат своите платформи за да се спречи ширењето дезинформации и да се заштити демократијата.

ЕУ не е створена за да биде лидер

Немање армија и 27 ветоа го отежнува носењето одлуки, а не па да го спроведеш тоа што си го донел.

Трамп ја истера нормализацијата меѓу Србија и Косово само за Израел

Договорот не е „историски напредок“ туку само уште еден нож во грбот на палестинскиот народ, се оценува во текстот на Ал Џезира.

Кој е за ваучери за култура?

Како и кај другите буџетари, и во културата имате вредни и талентирани махери кои заслужуваат 3-4 пати поголема плата од сегашната, ама и армија цицалчиња (што луѓе, што цели институции) кои ја добиваат својата редовна буџетска порција без грам труд и одговорност. Да нафрлиме еден предлог (од Хрватска) за кататоничната културна сцена во Македонија, можеби нешто во барата ќе се размрда.  

Како да пишуваш за Балканот за кликови и влијателност

Еден мал и одлично напишан туторијал за тоа како да се освојат симпатиите на Косоварите, а како на Србите. За Македонците, упатството веројатно би било уште поедноставно. Кажи нè по име и веднаш се превртуваме на грб како мачиња, спремни да бидеме галени уште малку. Уште па ако ни признаеш дека Грците се педеришта, почнуваме да предеме, со молба: „Кажвај ни цели реченици...“

Не е доволно да се преживее, треба и да се живее

Се осудувам да се понадевам дека како општество, конечно почнавме да сфаќаме дека да се биде жив не значи да се биде еден од оние 99% кои ја преживеале короната. Да се живее не значи само да се избегне смртта туку и да се застане во одбрана на сите оние вредности за кои навистина се исплати да се живее.