Берни Сандерс: Демократите се на пат јако да изгубат

Според многу сондажи, Републиканците имаат одлични шанси за победа на претстојните ибори во ноември. Главата причина: Демократите со години губат гласови кај белата работничка класа. Сега тоа им се случува и со латино, црните и азијатските работници.

Во својата кампања, Џо Бајден ветуваше дека ќе биде најпрогресивниот американски претседател од времето на Френклин Рузвелт. Со поддршка од Конгресот, во првите месеци тој се држеше до ваквите ветувања. Беше донесен Американскиот план за спас; 1,9 милијарди долари им помогнаa на десетици милиони Американци да ја преживеат пандемијата.

Демократите имаа чувство дека треба да се продолжи во правец на заштита на работните луѓе од лакомите корпоративни интереси но следниот пакет реформи беше стопиран од двајца нивни луѓе - сенаторите Џо Манчин и Кирстен Синема, обајцата корисници на милиони долари донации од милијардери и корпорации. Беа потребни 50 гласови. Се дојде до само 48. 

За Демократите оттогаш колата тргна удолу. Преговорите со двајцата непослушни сенатори јалово се одолжија по што се доби впечаток дека Демократите повторно калкулираат и им вртат грб на работниците. Тие сега имаат контрола на Белата куќа, Сенатот и Претставничкиот дом, па сепак, ништо не се случува. Таквата неактивност ги води кон пораз, смета Берни Сандерс во колумна за Гардијан.

„Ни треба нова стратегија. Треба директно да ги предизвикаме Републиканците. Да се бориме.“

Тој смета дека поуки можат да се извлечат со случајот на Хари Труман кому во 1948 година никој не му даваше шанси за победа, но, тој сепак успеа, откако противниците ги извади на отворено, да се произнесуваат за важни работи, да видат луѓето кој како гласа.

Во година во која милијардери и големи профитабилни корпорации не платија ни никел за федералните даноци, да видиме колку Републиканци ќе гласаат за вистинска даночна реформа и затворање на дупките во даночниот систем .

Милиони работници и натаму заработуваат за да останат гладни. Ајде да видиме колку Републиканци ќе гласаат за зголемување на минималната плата на барем 15 долари на час.

Ги плаќаме убедливо највисоките цени во светот за лекови на рецепт. Ајде да видиме колку Републиканци ќе гласаат цените на лековите да се намалат на половина.

Во просек, згрижување дете во оваа земја чини 15.000 долари годишно, доколку родителите најдат слободно место. Ајде да видиме како Републиканците ќе гласаат за намалување на трошоците за детска грижа.

Ние сме единствената голема земја која не гарантира платено семејно и медицински отсуство. Ајде да видиме колку Републиканци ќе гласаат за барем 12 недели платено семејно и медицински отсуство за работните семејства во нашата земја.

Имаме највисоко ниво на детска сиромаштија од речиси секоја голема земја. Ајде да видиме колку Републиканци ќе гласаат за продолжување на даночниот кредит за деца од 300 долари месечно, кој ја намали детската сиромаштија за преку 40%.

Научниците ни кажуваат дека времето истекува за борба против климатските дефекти. Ајде да видиме колку Републиканци ќе гласаат за создавање милиони добро платени работни места кои ќе го трансформираат нашиот енергетски систем подалеку од фосилните горива.

Работниците кои сакаат да се приклучат на синдикатите често не можат да го сторат тоа поради незаконски постапки на нивните работодавци. Ајде да видиме колку Републиканци ќе гласаат за да им се даде на работниците фер шанса да се здружат во синдикати.

Не можеме да дозволиме убијци со АР-15 да продолжат да масакрираат деца во училишта или гранапи. Ајде да видиме колку Републиканци ќе гласаат за усвојување на силен и ефикасен закон за контрола на оружјето.

Демократската партија не може да продолжи да ги игнорира потребите на работничката класа на нашата земја и да очекува да ја задржи мнозинската контрола во Претставничкиот дом и Сенатот на САД. „Време е да покажеме на која страна сме. Време е да се започне со гласање“, вели Сандерс.

17 јуни 2022 - 09:25