„Се плашам дека дојдовме во ситуација во која ќе треба да се соочиме со непријатната вистина - дека Русија ја доби војната.
Нашиот канцелар оперира со термини: Русија не смее да победи, мора да победи Украина.... Се чудам каде тоа води политички бидејќи фактички Русија речиси веќе го освои Донбас, а тоа е територија колку Холандија и Белгија заедно. Имаат и копнена поврзаност со Крим па како тогаш Русија ќе ја изгуби војнава? Украина нема доволно сила, дури и со оружјето кое им го праќаме.
Русија ја добива и меѓународната игра со санкциите. Тука им се Кинезите, Индија прави бизнис со Русија како никогаш порано, важни земји како Бразил и Јужна Африка му свртеа грб на Западот, а нашиот федерален канцелар отиде таму, што беше блам на отворена сцена. Тие не сакаат санкции, не сакаат ни да разговараат за воена агресија.
Тоа значи дека ја губиме и битката за глобално мнозинство и мораме да признаеме дека иницијативата на Макрон е втемелена во реалната политика: Не можеме да ја добиеме оваа војна и мора да ја завршиме што е можно побргу. Тоа е добар старт за дипломатска иницијатива, тоа е она што го очекувам и од нашата влада која и натаму е сомничава кон држење на каналите за комуникација со Москва отворени. Берлин мора да презентира мировен план и се надевам дека некое одење во Киев ќе резултира со тоа“.
Волфрам Вајмар, германски издавач и публицист, некогашен главен уредник на Велт и Фокус, основач на медиумска групација која издава неколку магазини и публикации.
**********
Ако разбирате германски, целата дебата ја имате овде