Во „SuperNature“, кој деновиве дебитираше на Нетфликс, Џервејс се заебава дека му е доста од „старомодни жени“ - односно „оние со матка“. Знаете, оние „ебени диносауруси“ и „ебени ТЕРФ (транс исклучиви радикални феминистки) курви“ кои се грижат за женскиот простор, нивната приватност и нивната безбедност. Вели дека сега предност им дава на „новите жени“, со нивните бради и пениси.
На ваквите негови заебанции не им треба хипербола за да функционираат. Не им треба посебна премиса за да се дојде до апсурдот. Џервејс ништо не претерува кога потсетува дека сега од нас се очекува да изговараме фрази како „нејзиниот пенис“. Не претерува ни кога зборува за машки силувачи кои се идентификуваат како жени на кои им било дозволено да влезат во женски простор.
Генијалноста на транс зезалиците на Џервејс е што тие само ја пренесуваат реалната, луда ситуација што ја воведе транс идеологијата. Тој совршено доловува како светот се адаптира на барањата на „жените со пениси“, додека на старомодните жени кои се противат им се порачува да затворат уста и да ги снема.
Очекувано, за кажување на вистината за транс-идеологијата, Џервејс е осуден како опасен дискриминирачки хејтер. Транс движењето се потпира на вакви навреди за да ги засрами и замолчи критичарите. Но, Џервејс недвосмислено става до знаење дека нема да биде замолчен или засрамен само затоа што кажува шеги.
Плус, не е сам. Џервејс официјално, според зборовите на еден ЛГБТ огранок, се приклучи на редовите на оние „таканаречени комичари кои блујат омраза наместо хумор“ (во превод, комичари кои се доволно храбри да се потсмеваат и да го преиспитуваат родовото лудило). Оваа група го вклучува Дејв Шапел, чии шеги кои се потсмеваат на апсурдноста на транс движењето предизвикаа протести и штрајкови, обиди за откажување и можеби дури и напад на сцената. Но, тука е и Бил Мар, чие предупредување против медикализацијата на децата од транс движењето стана вирално минатата недела (видео подолу - н.з.).
Чекпањето во транс-идеите сè уште е ризично, но контрата очигледно се зголемува. Тоа што Џервејс го додаде својот глас во каузата за разумот, може да биде само добра работа.
Зезајќи се со транс идеологијата, без страв и фаворизирачка острастеност, Рики Џервејс покажа колку лесно може да се скрши магијата. Тој е сега како малото дете кое на толпата им кажало дека кралицата има пенис. И сега никој не може да се преправа дека не го гледа.
**********