Ердоган можеби е циник кој повеќе не го заслужува членството во НАТО, меѓутоа има малку што НАТО може да направи околу тоа заради две работи: Прво, не постои механизам во НАТО за протерување на своите тврдоглави членки, и второ, организацијата се управува со консензус. Нема разлика меѓу гласот на САД со 330 милиони луѓе, и Турција со 85 милиони, и Македонија со 1,8 милиони.
Ако Ердоган повеќе се наклони кон Русија отколку кон САД, а сите докази покажуваат дека е така, тогаш тој и рускиот претседател Владимир Путин ќе извадат повеќе корист од тоа Турција да биде дел од НАТО отколку да се оддели, затоа што можат турското членство да го користат за парализирање на алијансата од внатре.
Сепак на Путин му е јасно колку променлив и егоистичен е Ердоган. Кога Ердоган ќе се погледне во огледало, тој себе се гледа како еднаков на Путин, меѓутоа кога Путин гледа во Ердоган тој гледа чивава. Едноставно кажано, Путин никогаш нема да ја стави пошироката безбедност на Русија во рацете на човек кого го смета за нешто повеќе од разџавкано куче.
Па кој е планот на Путин за НАТО?
Тој веќе се развива на Балканот. Ивана Страндер од Фондацијата за одбрана на демократиите, внимателно ги бележи обидите на Кремљ да се меша во домашните работи на различни балкански држави, вклучително и НАТО членки како Црна гора, Македонија и Хрватска. Белата куќа и Стејт департментот може ја оградуваат нивната дипломатија, но Путин има многу посеопфатен пристап. Едноставно кажано, неговата стратегија е блокирање на активностите на НАТО преку вето од неговите мали членки кои неговите сили ги инфилтрираат долго пред да стане неопходно на военото поле да се конфронтира одбранбената алијанса.
Тогаш прашањето за Вашингтон и Брисел е, кој е американскиот и европски одговор? Тенденцијата во двете престолнини да здивнат со олеснување кога ќе мине кризата не му врши многу работа на НАТО, кога она што се случи со Турција беше само сува проба за уништување на НАТО од внатре.