Прво, гестот е симболичен. Листата на ЕУ кандидати е исто како да си на листа на чекање за влез во ексклузивен лондонски клуб. Тоа што си на листата е убаво, ама не гарантира брз одлука; ниту пак исклучува еден или повеќе проблеми кога твоето име ќе дојде на ред за примање.
Албанија, Македонија, Црна гора, Србија и Турција се моментални кандидати на листата. Сите се нации за почит, ама немојте да очекувате скор прием на која било од нив. Формалното допишување на Украина на оваа листа повеќе изгледа како вежба по позитивен ПиАр на Брисел, кој е очаен да покаже дека дава поддршка за добра кауза, отколку сериозна посветеност на што било вон тоа.
Второ, ако мислиш дека ова покажвуа некаква солидарнсот на Европа кон Украина, повторно размисли, затоа што не покажува. Европската обединетост е речиси целосно површна, во пракса ограничена на неконтроверзни работи како именување на руските злосторства, и побожно критикување на Русија како антитеза на европските вредности, и интонирање на „слава Украини“ од безбедна дистанца. Без разлика на ставот во места како Полска или Литванија, европски тинк-танк откри дека големо мнозинство во повеќе еворпски држави, конкретно Германија и Италија ама исто така и Франција и Шведска, повеќе се за „мир“ отколку за „правда“. Директно кажано, ова значи стоење на страна и да се остави Украина да ги испреговара најдобрите можни услови со Владимир Путин.
Повеќе нема единство околу евентуалниот прием на Украина во ЕУ. Бугарија, Чешка, Словачка, Батличките држави и Словенија, отворено се залагаа не само за прием на Украина, туку и за прием по забрзана постапка. Исто и Унгарија. Оваа анатема за Брисел нема да се случи.
Од другата страна на масата, иако Португалија, Холандија и Данска се согласија околу кандидатурата на Украина, тие се млаки околу приемот на државата, барем не во скоро време. Финска нагласи дека има повеќе серизони проблеми кои треба да се решат пред воопшто да се размислува за членство, а според белгискиот премиер, членството нема да се случи утре. Ќе треба време. И ова е некаква обединетост.
Бидејќи приемот на нови членки бара едногласност, не е ни чудо што претседатлката на Европската комиисја, Урсула вон дер Лејен се повлече и порача дека секоја следна одлука ќе треба да биде базирана на заслуги и дека ќе се „оди по книга“, откако првично неискрено и посака добредојде на Украина на списокот на чекање.
Немањето ентузијазам кај западните ЕУ членки можеби е вознемирувачко, меѓутоа е разбирливо. Овие држави го плаќаат најголемиот дел од функционирањето на ЕУ. Ако Украина се приклучи, речиси е сигурно дека уште многу години таа ќе ја чини ЕУ, а со тоа и нив, сериозни пари. Не е само војната, која ќе ја остави Украина серизоно осакатена дури и ако и кога победи. Дури и пред ова да започне, Полска и Унгарија, и двете со БДП по глава на жител од некои си над 15.000 долари, беа главни корисници на регионалните фондови на ЕУ. БДП-то по глава на жител во Украина е 3.700 долари. Па можете сами да го пресметате трошокот.
Старите, западни ЕУ членки, за кои супремитетот на Брисел и законот на ЕУ е втора природа, се свесни дека најжестоката поддршка за украинското членство доаѓа од Полска и Унгарија, озоголасени како најгласни во промовирање на сопствените национални интереси и одбивање на сите обиди од ЕУ да се меша во она што тие го гледаат како внатрешни работи (пример неодамнешното вето на Украина околу ЕУ планот за минимум данок, и полското упорно отфрлање на она што таа го смета за неоправдано мешање во нивниот судски систем). Западните членки мислат, речиси сигурно со право, дека Украина ќе се стреми кон приклучување кон овие ставови. Кога ќе спадне чадот на боиштата, тешко е да се види Киев, кој се спротивстави на еден насилник што сака да ја уништи неговата државотворност, да се согласи на диктат од Брисел и главно про-центарскиот Европски суд.
Оваа загриженост исто така ќе ја има и во Брисел. Само минатата недела, централните тела на ЕУ одговорија на Конференцијата за иднината на Европа, која трае повеќе од една година. Нивното гледиште е јасно: тие сакаат повеќе а не помалку моќ за Брисел. Тие предлагаат ставање на речиси сите одлуки на некоја форма на изгласување од квалификувано мнозинство а со тоа и дополнително слабеење на моќта на индивидувалните земји членки да спречат некоја одлука.
Веќе ангажирани во деликатен обид да ги натераат Будимпешта и Варшава да потклекнат, и со агеднда да го намалат бројот на претенциозни членки во иднината, последно нешто што тие ќе го сакаат е додавање на уште една држава бунтовник со над 40 милиони граѓани кои најверојатно ќе отфрлат секоја таква мерка, и ако ништо друго да ги забрзаат центрифугалните сили во ЕУ.
На Зеленски веројатно ќе му биде јасно дека и покрај убавите зборови што доаѓаат од ЕУ, ова веројатно е сè што ќе добие. А што се однесува на евентуалното членство во ЕУ, треба да се чека и да се види, веројатно за многу долго време. Тоа е нешто кое тој може и треба да го стави на чекање, додека се концентрира на поважни работи, за кои ЕУ искрено е нерелевантна.