Погледот од канцеларијата на Путин денес е доминантно позитивно. Ова беше очигледно на 9 јуни во самоуверениот и енергичен - па дури и вообразен - неодамнешен разговор со млади руски претприемачи и научници. Неговата вообразеност до некаде е оправдана. Русија сега контролира отприлика 20% од Украина, во споредба со 7,2% од пред февруарската инвазија. Според независниот Левада центар, рејтингот на Путин е на 83%, на највисоко ниво од јули 2017. Руската рубља сега е посилна од кога било од февруари 2020.
Најважно, моментално изгледа како да нема замена за Путин како лидер на Русија, барем на краток рок. Нема никој кој, во очите на руската јавност, ќе ја направи Русија посилна. Потенцијалните противници на Путин или се мртви, или во егзил или замолчени. Моментот на максимална опасност за владеењето на Путин изгледа помина.
Секако, гледано од канцеларијата на Путин, Русија останува турбулентно место и ќе остане такво уште некое време. Според ММФ се очекува руската економија во 2022 да се намали за 8,5%, а потрошувачките цени да се зголемат за 21,3%. Плус вишок смртност од ковид-19 во Русија е највисок во споредба со која било голема економија, што создава непозната несигурност и стрес врз општеството.
Меѓутоа, погледот од канцеларијата на Путин покажува дека е време да се праша: Што е следно?
Како и другите олигарси, Путин е мајстор опортунист и е малку веројатно дека ќе направи некој очигледен потег. Сепак, од неговата канцеларија се гледаат три широки правци: следната авантура, алтернатива на Обединетите нации и обезбедување на домашната оставштина.
Следната авантура на Путин би можела да биде инвазија на друга соседна држава. Малку е веројатно дека тој ќе реши да нападне НАТО членка, како Полска, Литванија или Латвија, со тоа што последната има значителна популација од руско говорно подрачје. Ниту пак Путин ќе има голем ќар од проширување на руската окупација врз Грузија и Молдавија.
Наместо тоа, конзистентно со неговите изјавени намери за обединување на руските територии, следниот потег на Путин би можел да биде на југ и исток, во Казахстан. Моментално, таму живеат 3,8 милиони луѓе од руско говорно подрачје, што претставува околу 21% од населението.
Русија одамна има територијални претензии кон северен Казахстан, каде Козаците основале населби уште во 1584. Овие претензии беа артикулирани од Русија при распаѓањето на СССР во 1991 и беа манифестирани во руските сепаратистички завери кои се појавија во Орал (Уралск) и Оскемен (Уст-Каменогорск) во северен Казахстан за време на 1990-те. Можноста за руски воен упад во Казахстан стана реалност во јануари 2020, кога руските сили под покровителство на ЦСТО на кратко влегоа во земјата како одговор на анти-владините протести. Војската на Казахстан од 39.000 активни војници и старешини не би била поголем проблем ниту за ослабената руска армија.
Или пак можеби следниот потег на Путин ќе биде да ја изгради архитектурата за новиот меѓународен поредок. Со О.Н. како примарен наднационален симбол на Западниот меѓународен систем по Втората светска војна, Путин можеби размислува за нов организационен симбол кој би бил замена за О.Н. Оваа нова организација би можела да биде втемелена во Евроазија. Човек може да ја замисли интеграцијата, на пример, на Евроазиската економска унија и ЦСТО (и двете предводени од Русија) и Азиската инфраструктурна инвестициска банка (предводена од Кина). Или архитектурата на новиот поредок би можела повеќе да има глобална ориентација, базирана на организациската структура на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка). Или можеби ќе биде потребна сосема нова организациска структура. Како и да заврши, гледано од канцеларијата на Путин оваа иницијатива ќе има само еден кум: Путин. Тој би било присутен на создавањето на новиот поредок.
Или можеби следниот потег на Путин е да го осигура своето наследство дома. Главниот притисок тука е да се одбере и внимателно да се подготви евентуален наследник кој би можел да продолжи да надградува врз достигнувањата на Путин. Имајќи го предвид афинитетот кон и идентификувањето со Петар Велики, планот веројатно е повеќе да се најде наследник како Катерина Велика отколку како нејзиниот сопруг, неефикасниот Петар Трети. Меѓу можните наследници се премиерот Микаил Мишустин или колегата олигарх Јури Ковалчук, иако и војната во Украина динамично го меша списокот за најтесен избор.
Друг начин на кој Путин би можел да го осигури своето домашно наследство е да изгради нов руски главен град зад Урал, далеку од западните воени закани и поблиску до епицентарот на Евроазија. Префрлање на некои функции во градови како Самара (кој Советите го сметаа за алтернатива ако нацистите ја освоеја Москва), Новосибирск или Владивосток, ќе генерира значителна економска активност и ќе биде аналогна на одлуката на Петар Велики во 1712 да ја префрли руската престолнина од Москва во Санкт Петербург.
Во кој правец и да тргне, на Путин му е се појасно дека Русија на крај ќе може да прогласи некаков вид победа во Украина. Тој изгледа подготвен да продолжи па дури и да ја надополни несигурноста што неговите постапки ја креираа. Несигурност која создава нови шанси за него и за Русија. Што е следно? Повеќе промени, не помалку.