Месецов Сони објави дека од премиерата во ноември до сега веќе има продадено 10 милиони Плејстејшн 4 конзоли. Деновиве првиот човек на Сони за конзолата во интервју призна дека не знаат зошто толку добро им оди со продажбата. И тоа по јапонски стандарди е знак за проблем.
Целиот бизнис со нови и неоткриени фудбалери се базира на многу бројки и статистики околу фудбалерот, а ретко кој се снаоѓа добро со бројки како видео игрите за фудбал.
Научници од Јужна Кореја работат на проблемот со премногу пикавци. До сега се стигнати дека отпушоците можат да ги користат за полнење батерии за се и сешто.
Новиот американски сон одеше фино: ќе скоцкаш апликација која прави нешто банално и ќе згрнеш тон пари. Но, податоците велат дека златната грозница е срушена за многумина и дека ако имате апликација, таа најверојатно нема да успее.
Новиот уред ниту е подобар, ниту е поевтин од конкуренцијата (Епл и Самсунг), ама и покрај ваквата ситуација Амазон верува дека има адут со кој ќе го продава Fire phone - многу бесплатни работи од Амазон.
Изумите на починатиот основач на Епл имаат разорен ефект на финскиот пазар на труд бидејќи тамошните компании биле начекани комплетно неподготвени за тоа што се случило, барем така смета премиерот на Финска.
Постои еден паметно составен тест кој служи човек да препознае дека разговара со компјутер иако тој му се претставува како човек. Не се случило компјутер да го помине тој тест. Досега.
Во последното интервју за NBC, Едвард Сноуден внесе дополнителна параноја кога откри дека службите можат да ве прислушуваат дури и кога ви е телефонот исклучен. Има ли чаре? Абе има, ама до кога ќе трае?
Вториот по големина телеком во САД, АТ&Т, ќе го купи најголемиот провајдер на сателитска телевизија во земјата, DirecTV. На ова претходеше купувањето на ТајмВорнер од страна на Комкаст за приближно иста сума (45 милијарди долари).
Оние кои стравуваат дека човештвото ќе се уништи од сопствената технологија отсега имаат влијателен сојузник во ковањето апокалиптични сценарија. Не нуклеарната технологија ниту пак клонирањето. Стивен Хокинг проценува дека фатална за нас може да биде вештачката интелигенција.
Од целиот раст на приходи што Епл и Фејсбук го направија минатата година, речиси 100% директно доаѓа од мобилни уреди, без разлика што и двете компании се скршија од работење на други полиња.
Официјално име на проектот е Андроид Силвер, прв пат беше спомнат минатиот месец и означува сериозна промена во мобилната стратегија на Гугл, од евтини и субвенционирани телефони односно Нексус, во скапи телефони на ниво на Ајфон.
Отако изведе револуција на еден од најконзервативните делови на автомобилот- ретровизорот, Нисан си даде задача да реши друг проблем - автомобил кој нема да се валка.
Станува збор за одлична идеја и револуционерна технологија што најверојатно ќе го промени светот, за која Гугл некако успеа да ги направи сите погрешни чекори (што следуваа по развојот на технологијата).
На една година пред смртта, Стив Џобс испраќа групен меил до 100-те највисоки менаџери во компанијата во која им ја поставува стратегијата за иднината на Епл. Тој најавува "пост ПЦ ера," бара "Света Војна со Гугл" и ветува "дополнително затворање на корисниците во нашиот екосистем."
Ги знаете оние статии кои почнуваат со "Истражувачи на Универзитетот XY дошле до генијално решение..." Е па, популарниот магазин за технологија Гизмодо за новата енкрипција на екипата на нашите Анета Стефановска и Томислав Станковски.
За време на приемот на Бостон Ред Сокс во Белата куќа (по повод освојувањето на титулата во бејзбол), капитенот Дејвид Ортиз го фаќа Обама и прави селфи со него. Како и на Оскарите и ова селфи е направено со Самсунг Галакси Ноут 3. Само овој пат не е толку планирано.
Покрај сите совршено склопени сервиси базирани на целата можна наука за разбивање на кодот на слушателот (Спотифај, Пандора, Ајтјунс), излезе дека радиото уште е ненадмината технологија за откривање музика.
Веста е дека Фејсбук за 2 милијарди долари го купува Окулус, стартап кој работи на очила за виртуелната реалност. За Окулус веста е дека сите овие пари ги направија речиси без вложување на еден долар.
Компанијата најискрено сака да престанете да го користите ИксПе и за повеќе да не ве мисли подготвени се да учествуваат со 100 долари во следното купување на компјутер.
По паметните телефони, телевизори, часовници, фрижидери и автомобили, на ред дојде паметни да станат и сијалиците. Само ние луѓето глупави ќе си останеме.
Ноември 2015-та е последниот месец за кој мобилните оператори од ЕУ ќе смеат да наплаќаат роаминг, од декември се ќе се смета како зборење локално. Ова важи и за СМС-и и за мобилен интернет.