Смартфон: Гугл Пиксел 2 и Пиксел 2 Икс ел
Нешто слично како пред некој ден со 8-цата на Епл, и Гугл претстави нова генерација од својот смартфон која не е нешто радикално различна по изглед и спецификации во однос на минатата година.
Она што го ветува Гугл со двојката Пиксел е дека ќе добиеш "спектакуларна камера и дека едноставно уредот подобро ќе работи."
Почетната цена на обичната 2-ка од 64 гигабајти е 649 долари, додека Икс ел верзијата е 849 долари. Цените се однесуваат за американскиот пазар, а кај нас најверојатно ќе бидат само претворени во евра и додаден ДДВ.
Од техничките спецификации Пиксел има: "ултра вивид ОЛЕД" дисплеј, супер брзо полнење (што се уште е решението на Гугл за тоа што не им држи батеријата), отпорен е на вода и има најпаметен (не само паметен) асистент. Што се однесува до камерата (12,2 мегапиксели), таа доби оценка од спектакуларни 98 на DxOMark тестот.
Плус телефонот има најневеројатни имплементации на вештачка интелигенција и поврзувања со останатите уреди на Гугл.
Од работите што нема да ги има Пиксел е стандарден џек за слушалки.
Првични рецензии од:
Тom's guide // The Verge // Engadget //
Лаптоп: Пикселбук
Доброто е што Гугл извади сериозно добро парче хардвер кое работи на нивниот оперативен систем. Лошото е што со почетна цена од 999 долари, не е многу поевтин од Мекбук. Од друга страна, добиваш одличен лаптоп кој е само 150 долари поскап од Пиксел 2 Икс ел. Па ти види што ти одговара.
Има 12,3 инчен екран (и за жал толкава тастатура) кој работи и на допир. Батеријата му држи 10 часа, а со супер-полнење за 15 минути можеш да наполниш доволно батерија за 2 часа работа.
Може да се преклопи и да изгледа како таблет, работи на ХромОС и има вграден Гугл асистент. Дебел е 10 милиметри и тежи 1 килограм.
Првични рецензии од:
Wired UK // Engadget // The Verge //
Слушалки: Гугл Пиксел Бадс
Блутут слушалки со "со екстремно импресивна опција за симултани преводи", по цена од 159 долари.
Треба да држат 5 часа користење и системот им поддржува преводи од 40 јазици.
Нест паметно ѕвонче
Линијата на Нест беше надополнета со ѕвончето со камера кое препознава лица, и во комбинација со Гугл Хоум ќе те информира кој ти е пред врата.
Целиот Гугл настан собран во скратена верзија: