Технологија

Европа сака еден полнач

Европскиот парламент продолжува да ја бутка идејата за ставање крај во хаосот концепти и решенија во полначите на мобилни телефони и други портабл уреди и да стигне до саканата цел за еден единствен полнач на целиот пазар.

Кенди краш и официјално е тешка игра

Математичари од Австралија ја анализираат Кенди Краш за универзитетска студија, откриваат дека таа спаѓа во група на математички проблеми NP-hard, што народски значи - многу е тешко да најдеш решение за ова.

Ерик Шмит лекции за диктатори

По неколку не успешни обиди на владетели во паника да го изгасат интернетот, владите и владетелите низ светот открија нова стратегија за борба - интернетот не треба да се гаси, треба да се инфилтрира.

Мозила нема поим што прави Дел со Фајрфокс

Дел почнува да го наплаќа инсталирањето Фајрфокс на нови компјутери. По сите правила на расипан телефон по кои функционира интернетот, корисниците сфаќаат дека Мозила почнала да го продава Фајрфокс. На Мозила не и се верува за што треба да се објаснува.

Старо за ново, и обратно

Што се случува кога стариот Ајфон се продава на фирми кои се занимаваат со откуп на користени телефони? Голема е веројатноста тој да се врати на пазарот и да се купи како нов.

Прашање од 19 милијарди долари: WhatsApp?

Во 2009-та година Фејсбук не го прими на работа. Денеска му изброи 19 милијарди долари.

Како Плејстешн 4 го порази ИксБокс Оне

Моментално индустријата на видео игри е поголема отколку Холивуд, и иако игрите на мобилни телефони се ултра популарни, господарите на оваа индустрија се конзолите за видео игри, а тука Плејстејшн повторно стана главен.

Вибер купен за 900 милиони долари

Најголемата јапонска онлајн продавница Ракутен, објави дека плаќа 900 милиони долари за кипарската компанија која го создаде сервисот за бесплатни пораки и телефонски разговори.

Колку е голем Гугл

Не се минати ни 20 години од моментот кога прв пат се среќаваат Лари Пејџ и Сергеј Брин. Едниот има 22, а другиот 21 година. 1996-та почнуваат да работат на пребарувачот BackRub, нешто што следната година ќе го преименуваат во Гугл.

Затоа не се купува рано

Да беше произведен во 1991- ва година, денешниот Ајфон ќе чинеше 3,5 милиони долари. Еве ја математиката:

Зошто Епл никогаш не може да биде доволно добар

Во понеделникот по затворањето на американските берзи Епл го објави извештајот за последниот квартал. Во него, бројки од типот 13,1 милијарда долари профит на продажба од 57,6 милијарди долари. Како резултат на ова акциите на Епл паднаа за 9%.

Како Гугл го контролира Андроид

Главната мантра на Андроид е дека Гугл го дава бесплатно и дека е опен сорс. Главниот проблем со ова е што не е баш најточно.

Гугл купи компанија за термостати за 3,2 милијарди долари

Веројатно и не можеше повеќе да ја поедноставиме феноменалната работа што ја имаат создадено луѓето од Нест. Станува збор за компанија која произведува уреди за дома (како термостати и детектори за чад) кои се поврзани и се контролираат преку интернет.

Што е Ultra HD и дали ти треба?

Минатата година прв пат слушнавме за 4K Ultra HD телевизорите, технологија која во однос на Full HD телевизорите треба да биде она што Full HD беше за телевизорите со 100 херци.

Никој не можел да се спаси од прислушување од НСА

Американската влада со години тајно имала (backdoor) пристап до целата опрема што ја продавале најголемите американски компании, вклучувајќи ги Дел, Циско, Џунипер, АјБиЕм, Вестерн Дигитал, Сигејт, Макстор и други.

Капитални инвестиции во памет

Оваа година германските фирми инвестирале рекордна сума во истражување и развој. Цели 54 милијарди долари, веројатно како поука извлечена од последната финансиска криза.

Роботот кој не признава дека е робот

На новинар на Тајм му се јавува девојка од телемаркетинг, му се претставува како Саманта Вест и сака да продаде некаква здравствена услуга, Но, на овој нешто му станува сомнително. 

Компанијата што ги прави најскапите мобилни телефони

Верту е одговорот на Нокиа на прашањето - што ако можам да правам мобилен телефон без да се грижам за пари? По 14 години работа, во 2012-та Нокиа го продава Верту. Новиот сопственик го префрла на Андроид, ама и понатаму најевтиниот телефон им чини 4.900 евра.

Ентерпрајз на океаните

Тоа што Пикард со Ентерпрајз го правеше за вселената, сега SeaOrbiter треба да го направи за океаните - да стигне до најнедостапните места на светските океани и таму да истражува.

Винамп и официјално е мртов

За точно еден месец ќе престане со постоење најпознатиот мп3 плеер во историјата на компјутерите. Информацијата доаѓа директно од официјалниот сајт на Винамп, на кој беше објавено соопштението.

Грешката во бирање на луѓе на Владата vs. луѓе од интернетот

Нивото на катастрофалност на пуштањето на Healthcare.gov беше импресивнo самo по себе. Ниту медиумите, ниту експертите или противниците не ни помислуваа дека на Обама може да му се случи таков дебакл.

Неколку работи за Плејстејшн 4 на купче

Производството на Плејстејшн 4, делови + составување, чини 381 долар, што е 18 долари помалку од продажната цена на конзолата. Плус рецензија на 4-та од дизајнерското студио зад Иксбокс.

Економија на продавање скапи телефони во сиромашни земји

Стандардната математика е дека во сиромашните земји треба да имаш што е можно поефтин телефон за повеќе да продадеш. Ова правило е обратно пропорционално кога треба да им продадеш скап телефон на богатите во сиромашни земји.

Северна Кореја произведе таблет

Откако пред една година почнаа да се појавуваат на најразлични саеми во Кина, сега северно-корејскиот таблет е спремен и за продажба, се вика Samjiyon SA-70 и првите рецензии за него се изненадувачки добри.