Додека основачот на компанијата, Даг Еванс, се споредуваше себе си со Стив Џобс, и објаснуваше како неговата преса за сокови има сила на притисок од над 3,5 тони, Гугл и други инвеститори вложија вкупно 120 милиони долари во стартапот.
Главниот производ на Џусеро беше пресата за сокови која чини 400 долари, плус посебните пакувања со сок што беа испорачувани секоја недела кои се плаќаат дополнително.
По сите беспрекорни презентации и тестирања, производот беше пуштен во продажба, и тука на многу поголемо изненадување на инвеститорите отколку на производителот, беше откриено дека постои многу поевтина алтернатива на пресата од Џусеро: пакувањата на Џусеро можеш да ги исцедиш и со голи раце, без да ја купуваш машината.
Од компанијата објаснуваат дека се свесни за ова, меѓутоа порачаа дека најголемиот дел од луѓето повеќе би сакале пакувањата да бидат исцедени со машина, отколку со раце. Она што не можеш да го постигнеш со раце е да го прочиташ КуАр кодот на пакувањето кој ти кажува дали на него му е пројден рокот или не. Ама затоа можеш рокот на траење да го прочиташ на самото пакување.
Инаку, оригиналната цена на апаратот беше 700 долари, пред да биде симната на 400 кон крајот на 2016. Едно пакување за цедење е меѓу 5 и 8 долари, и има колку за една чаша (230мл.).