- Австралија во септември ќе ја признае Палестина „за да ја прекине спиралата на насилство“ на Блискиот Исток. Ќе им се придружи на Франција, Британија и Канада, кои најавија дека ќе го сторат тоа на Генералното собрание на ОН во Њујорк.
- „Австралија ќе го признае правото на Палестинците да имаат сопствена држава. Решението со две држави е најдобрата надеж на човештвото за да се прекине спиралата на насилства на Блискиот Исток и конечно да запрат војната, страдањата и гладувањето во Газа“, изјави премиерот Ентони Албанезе. Тој истакна дека единствен услов за признавањето на Палестина се гаранциите дека Хамас нема да има улога во идната палестинска власт.
- Австралијците ја притискаат владата на Албанезе да воведе санкции за Израел поради уништувањето на Газа. Повеќе од 90.000 луѓе во Сиднеј пред неколку дена беа на протестен марш во знак на поддршка на Палестинците.
- И Нов Зеланд најави дека „ќе ја преразгледа позицијата“ и дека би можел да ја признае Палестина. „Нов Зеланд следи дали се исполнети условите за одржлива палестинска држава, во поглед на безбедноста, политиката, дипломатијата и економијата. Нашите партнери се поделени за ова прашање. Кабинетот ќе донесе одлука до септември“, изјави министерот за надворешни работи, Винстон Питерс.
- Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
- Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
- Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
- За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
- Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
- Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
- Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
- Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
- Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
- Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.