Јункер зборувал за значењето на технологијата во развојот на ЕУ по повод естонското преземање на претседателствувањето со Унијата.
Подоцна на прес конференција признал дека користи стара Нокиа и дека никогаш не поседувал паметен телефон. Но, 62 годишниот екс премиер на Луксембург се оправдал дека не мора да е по техниката за да знае дека иднината е во дигиталната технологија.
Естонија е пример за тоа колку една земја може позитивно да се трансформира кога сериозно инвестира во напредните техологии па поранешната комунистичка земја денеска во многу области е многу од понапред од некои угледни европски држави.
Јункер на пресот бил малку реметен и од својот домаќин, 24 години помладиот естонски премиер Јури Ратас кој на новинарите им открил дека на Јункер морале да му праќаат „разгледници како во 19-от век“ за да го поканат во Талин.