Компанијата се однесува чудно околу веќе митските приказни за „автомобилот на Епл“. Откако вработи 1.000 луѓе да работат на таинствениот „Проект Титан“, многумина беа убедени дека се работи за автомобилски проект. Но, Епл подоцна отпушти неколку стотици луѓе од тој проект. Па сепак, медиумите неодамна открија тајно оддeление на компанијата во Берлин, полнo со експерти за транспорт, некои од нив веќе работеле на проекти за мапирање.
Па прави ли Епл кола или не?
На неодамнешен панел на експерти од индустријата се нагласиле четири битни точки:
- Транспортот е сектор кој се проценува меѓу 5 и 15 трилиони долари и е поголем и од ИТ и од здравствениот сектор во кој е вклучен Епл.
- Поседувањето автомобили ќе опадне со развојот на автономното возење и сервисите поврзани со него.
- Епл одамна сериозно работи на усовршување на сензорски, возачки и мапирачки технологии.
- Сумарно: Проектот Титан веројатно е транспортна платформ. Не посебен автомобил туку комплетно искуство.
Оние 5 трилиони се клучни. За да расте со посакуваното темпо, Епл мора да влегува во масивни пазари. Часовниците и слични зезалици се добри за имиџ ама во поглед на парите се ситна боранија за апетити на компанија како Епл.
Од друга страна, ако возилата на иднината се без возачи, што ќе прави човек внатре во нив? Му треба забава, комуникација, алатки за работа. Тоа Епл веќе го има на своите уреди. А на колата ѝ требаат навигациони информации, ви-фи, брз интернет а веројатно и свој оперативен систем. Епл го има и тоа.
Погледнете ја внатрешноста на Тесла. Клучниот дел е всушност еден голем компјутерски екран. Епл не се глупи да пропуштат таква прилика.
А за нашето учество во приказната веќе се грижат читателите.