
Едвард Сноуден зборувајќи околу едно од најзабележителните откритија од Сеф 7 документите објавени од Викиликс, објаснува дека луѓето се во право кога размислуваат "ЦИА сигурно нема да ми провали дома за да ми стави уреди за прислушкување" ама:
"И тоа е точно, ама тие нема да ти упаднат дома. Тие чекаат уредот да ти биде испорачан, од Амазон или од каде и да е. Тие стигаат до нив на аеродром, ја земаат кутијата, и користат фен за да го омекнат лепилото, потоа ја отвораат кутијата, и го ставаат УСБ стикот во телевизорот. Повторно ја запечатуваат кутијата како што треба, и потоа ти ја испорачуваат. И сега твојот рутер, твојот компјутер, твојот телевизор се хакнати. Ова е многу рутинска работа," објаснува Сноуден.
Принудниот московјанец предупредува дека истиот овој хак може да биде искористен на уред што е предвиден да заврши во нуклеарна централа, седиште или канцеларии на политичка партија или новинска редакција.
"Ова е метод што тие го аплицираат за најразлични ситуации. Ова се причини за загриженост," изјавил Сноуден.