'Веруваме дека аналогните вештини, како што е пишувањето, цртањето или резбата имаат неопходна и комплементарна ролја во дигиталниот свет„ порачаа од Самсунг обелоденувајќи го својот последен технолошки крик создаден во соработка со компанијата Штедтлер.
Нивниот „S Pen“ е дизајниран да потсетува неодоливо на иконичниот плајваз Норис и создаден е да функционира со ново лансираните Galaxy Tab S3 и Galaxy Book.
Моливот на Самсунг може да детектира дури 4.096 различни нивоа на притисок што го прави погоден за секакви олд скул активности, од правење белешки до цртање скици или посложени цртежи.
Две работи: цената засега не му се знае; се знае дека моливот на Самсунг не се остри.