Процената на компанијата за аналитика Ап Ани е дека во 2021 на оваа ставка од трошењето време на човештвото ќе отидат 3500 милијарди часови.
Во истата споредба се открива дека бројот на луѓе што користат смартфон апликации во 2016 изнесувало 3,4 милијарди долари, и дека до 2021 оваа бројка ќе порасне на 6,3 милијарди.
Ова значи и повеќе пари, па од 1300 милијарди долари во 2016, глобалната потрошувачка на апликации во 2021 ќе порасне на 6300 милијарди долари. Приходите на апликациите се делат на три главни групи: плаќање за апликации, реклами во апликации и купување во самата апликација.
Само низ Епл стор се очекува годинава да минат рекордни 40 милијарди долари. Во исто време очекувањата за Гугл плеј се дека ќе направи 21 милијарди долари, а останатите Андроид продавници уште 20 милијарди.