Гугл Ленс ќе биде испорачан со Гугл Асистент и Фотос, и автоматски преку вашата камера ќе идентификува работи како цвеќиња и ресторани. Истата функција ќе може да биде искористена и за преземање информации, на пример од безжични рутери.
Гугл Асистент веќе е достапен на над 100 милиони уреди, и според луѓето од Гугл тој станува "одличен во разговорите". Во комбинација со Ленс, асистентот ќе може инстантно да преведе најразлични знаци од еден јазик на друг, или пак можности како препознавање концертни сали и вадење на список на настани и влезници за истите, нудење албуми од музичарите што ќе настапуваат и слично.
Гугл Фотос има нова опција наречена "предложено споделување" во која апликацијата автоматски ќе ти испраќа предлози да споделиш некои позначителни фотографии со пријателите што се на нив. Апликацијата ќе има "заеднички библиотеки" за партнери или семејства.
Во еден од ретките аналогни новитети, Гугл ги претстави и "Фото книгите", во кои ќе можеш да собереш до 40 од твоите фотографии (дел од нив по предлог на Гугл) и да ги испечатиш во книга по цена од 10 или 20 долари (во зависност од тоа дали со мека или со тврда корица).
Гугл Хоум во иднина ќе поддржува "хендс-фри" телефонски повици преку гласовни команди, со напредно препознавање глас, па на пример на командата "јави се кај мајка ми" ќе знае да врти кај твоите, а не кај родителите на партнерот / партнерката. Плус, вртењето преку Гугл Хоум ќе биде бесплатно до кој било фиксен или мобилен број во САД и Канада.
Гугл АИ е најновата технологија на Гугл за машинско учење "која користи неврални мрежи за да генерира други неврални мрежи".
Беше преставен и најновиот оперативен систем на Андроид и дел од неговите можности. За сега останува под работното име Андроид О. Првата бета верзија на Андроид О веќе е достапна за бета тестирање. На конференцијата беше објавено дека Андроид надминува 2 милијарди активни уреди месечно.
Вчерашното излагање во неколку минути: