Ако не си го продал со време, а веќе не го користиш, стариот смартфон најверојатно седи во шкаф чекајќи да ја исполни својата последна улога како прва замена во случај да го скршиш уредот што сега ти е актуелен. И не само што има милиони и милиони луѓе како тебе, туку и компаниите преку свои најразлични програми за откупување на стари уреди имаат огромни залихи од застарени смартфони.
Во ваков сетап Самсунг излезе со машина за копање биткоин составена од 40 стари Галакси С5 уреди, кои работат на сосема нов оперативен систем што Самсунг го разви токму за оваа потреба. Иако компанијата одби да наведе техникалии околу биткоин машината, во техничките информации што беа претставени се објаснува дека 8 Галакси 5 смартфони можат да копаат биткоин со поефикасна потрошувачка на струја отколку стандарден десктоп компјутер.
Компанијата најави дека во скоро време на интернет бесплатно ќе го објави софтверот што го користи за отклучување на уредите, како и најразлични упатства и планови за тоа што може да се прави со нив.
„Оваа иновативна платформа нуди еколошки одговорен начин за старите Галакси мобилни уреди да добијат нов живот, нови можности и потенцијал за уреди кои инаку би биле заборавени во фиока или фрлени,“ порачал портпаролот на Самсунг, Робин Шулц.
Освен машината за копање биткоин на Самсунг конференцијата во Сан Франциско, компанијата претстави стар Галакси таблет претворен во Убунту лаптоп, Галакси 3-ка искористена за мониторирање аквариум, и стар смартфон претворен во камера за надзор на објект.
Апсајклинг проектот на Самсунг го има на Гитхаб.